1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Муслиманите ќе бидат сигурни што јадат

5 декември 2009

Гумени бонбони со желатин од говедско потекло или лиснато тесто без конзерванси со алкохол-со производите според „халал“ стандардот, се планира голем профит во трговијата. Наскоро ќе бидат воведени единствени стандарди.

https://p.dw.com/p/Kq6J
Турски супермаркет со „халал“ производи во БерлинФотографија: picture-alliance/ dpa

Гумените „Харибо“ бонбони со желатин од говедско потекло на пазарот се од неодамна, исто така и сокот од јаболко, без додаток на свински желатин. Со вакви производи, според „халал“ стандардот, се планира голем профит во трговијата. Станува збор за „халал“ стандардот за храна, пропишан со исламските вредности. Според овој стандард, во месото и месните производи не смее да има свинско, ниту траги од свинско месо. Една европска агенција се зафати со целта во издавањето „халал“ сертификати наскоро да воведе европски стандарди, а на оваа тема се дискутираше неодамна и на Светскиот „халал“ форум во Ден Хаг.

Многу контроверзи и меѓу муслиманите

Безалкохолното пиво според наши сфаќања не е “халал“, зашто и самиот збор пиво е „Харам“, значи не е дозволено. Оваа изјава на еден член на годинешниот Светски „халал“ форум во Ден Хаг дава јасна слика за делумната контраверзност на дисусиите околу „халал“ производите. Трговијата со прехранбените производи направени според правилата на исламот доживува бум. Прехранбените концерни насетуваат нов пазар тежок милијарди евра, во Велика Британија и во Франција „халал“ храната се продава одлично. На маргините на конференцијата, шефот од фабриката „Нестле“, задолжен за регионот на Азија, Фритс ван Дијк, најави дека концернот сака да го прошири асортиманот на исламски погодните производи во Европа:

„Најголеми шанси во Европа гледаме во Велика Британија и во Франција. Во Германија само што започнавме да пласираме мали количества ’Халал’ производи во продавници на муслимани. Наша констатација, по двегодишна продажба е дека трговијата во Европа покажува растечки интерес за храна и пијалоци произведени според исламските правила. Од различни супермаркети во Европа стигнуваат порачки за ’халал’ производите на ’Нестле’“.

Halal Nahrung in Frankreich
„Халал“ храна во ФранцијаФотографија: picture alliance / dpa

На глобалниот пазар на прехранбени производи „Нестле“ во 2008 година оствари веќе милијарди, односно околу пет проценти од вкупниот промет со „халал“ производите. Сега сака да го прошири и производството онаму каде има побарувачка.

Цел куп институции доделуваат сертификати

Фабриката за тесто „Лајси“ во швајцарското село Ванген веќе испорачува лиснато тесто со „халал“ квалитет, кое наместо со алкохол, се конзервира со калиум сорбат.

Сертификатот дека тестото е произведено според исламските прописи концернот го доби од Исламскиот прехранбен совет на Европа, еден од 95-те исламски институции за

Deutschland Migranten und Konsum
За месото важат посебни прописиФотографија: DW/Peter Deselaers

доделување сертификати, кои го проверуваат придржувањето кон религиозните прописи. 95 институции меѓутоа значат и 95 „халал“ печати, една цела џунгла. Затоа заменикот-шеф на новоформираната Европска агенција за „халал“ развој, Адел Сабир, најави амбициозен проект: од март 2010 година агенцијата сака да понуди еден единствен европски „халал“ стандард:

„Всушност, тоа беше планирано за сегашната конференција. Но, од технички причини решивме тоа да го одложиме. Се надеваме дека ќе биде готово до март следата година. Ќе стартуваме во Велика Британија. Таму веќе постои разбирање за значењето на ’Халал’ концептот и соработуваме со тамошната влада.“

Со воспоставувањето единствен европски стандард прехранбените производи, произведени според исламски правила, можат во иднина да добијат и единствен сертификат. Во преден план притоа стои довербата на муслиманските потрошувачи-тие треба да бидат сигурни дека тоа што го јадат е направено според правилата на верата.

Единствениот европски стандард треба да биде сеопфатен: од процес на сертификација во земјоделството до чинијата на потрошувачот. Затоа Агенцијата ќе им биде на располагање на производителоте на храна и на трговците околу пристапот кон „халал“- пазарот, објаснува финансискиот менаџер Петер Кар.

Денес трговијата со „халал“ производи изнесува околу 17 проценти од светскиот промет со прехранбени продукти, беше соопштено на Светскиот форум.


Ситуацијата во Германија е специфична

Германските претприемачи веќе ја насетија атрактивноста на новиот бизнис, иако во споредба со Франција и Велика Британија понудата на германските пазари е послаба.

Halal Lebensmittel Fleischprodukte

Но, бидејќи трговците стравуваат од спорови со активистите за заштита на животните, се воздржуваат од колење според исламските прописи. Во Германија е забрането колење на животните без претходна тие да се онесвестени, а многумина муслимани онесвестените животни ги сметаат како мртви и со тоа забранети за јадење. Петер Кар токму поради ова смета дека е потребна голема кампања за разјаснување:

„Во последните години во печатот беше создадена многу негативна слика во врска со „халал“ месото. Беше создаден впечаток дека муслиманите не се заинтересирани за доброто на животните, но во суштина сосема е спротивно, ние ги почитуваме животните и се грижиме за нив.“

Според муслиманските прописи, животните не треба да бидат изложени на стрес или на мачење, така и при колењето едно животно не треба да го гледа другото, објаснува Кар. Тоа е причина за спорноста на масовната продукција од месо меѓу муслиманите. На пример, реномираниот „халал“ Контрол институт во Риселхајм во основа одбива да го сертификува месото.

Автор: Улрике Хумел/Жана Ацеска

Редактор: