1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф избегна атентат

25 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcSk
Пакистанскиот претседател Первез Мушараф според официјални информации за малку избегнал атентат во градот Равалпинди.Конвојот возила на претседателот поминал само кратко пред експлозијата на камион-бомба и притоа загинале најмалку седум лица.Според информациите од полицијата се работи за самоубиствен атентат.Ова е веќе втор напад врз Мушараф во рок од две недели.Пакистанскиот претседател вчера најави откажување од врховната команда на воените сили кон крајот на идната година.По внатрешнополитичките борби со исламската опозиција тој е подготвен и на натамошни отстапки.