1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф најави борба против тероризмот

13 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFPx

Претседателот на Пакистан Первез Мушарав во телевизиско обраќање најави борба против тероризмот во неговата земја. Покрај останатите мерки треба да биде зголемен бројот на безбедносните сили на границата со Авганистан од каде навлегуваат радикални Талибанци во земјата. Јуришот врз Црвената џамија во Исламабад, претседателот Мушарав го означи како неизбежен. Тој истовремено ги повика водачите на илјадници корански училишта во Пакистан да проповедаат умереност. Бројот на жртвите од опсадата на Црвената џамија сеуште не е познат. Сведоци зборуваат за неколку стотини тела.