1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф треба да одговара за велепредавство

БГ/миа8 април 2013

Пакистанскиот Врховен суд го повика поранешниот претседател на државата Первез Мушараф да одговора по обвиненија за државно предавство.

https://p.dw.com/p/18BqS
Фотографија: REUTERS

Врховниот суд на Пакистан денеска нареди поранешниот претседател Первез Мушараф да се појави на суд во врска со обвиненијата против него за државно предавство, извршено додека бил на власт. Одлуката на највисоката судска инстанца е одговор на неколку приватни

тужби, во кои се тврди дека генерал Мушараф извршил државно предавство, поради суспендирање на Уставот и илегално отпуштање судии. Сослушувањето за делото против Мушараф ќе се одржи утре. Первез Мушараф со воен удар во 1999 година ја презема власта во Пакистан, но беше принуден, речиси десет години подоцна да се повлече поради заканата да биде принудно отстранет со постапка, иницирана од водечките пакистански партии. Тој го напушти Пакистан во 2008 година и мина над четири години во егзил. Минатиот месец, по добиените гаранции од власта, Мушараф се врати во земјата со намера да учествува на претстојните парламентарни избори закажани за 11 мај. Во 2008 година пакистанското судство го принуди да поднесе оставка и го обвини за три случаи, убиство на поранешниот премиер Бензаир Буто во 2007 година, илегално отпуштање судии и убиство на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбер Бути во 2006 година.