1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Набуко – нафтоводот, алтeрнатива за рускиот гас

26 јуни 2007

Европската унија со таканаречениот Набуко гасовод, сака да обезбеди алтернатива за руските испораки на гас. Тој треба да минува од Азербејџан, преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија, кон централна Европа.

https://p.dw.com/p/B3MI
Битка за правците на нафтоводите: кој ќе биде побрз?Фотографија: AP

Набуко гасоводот во моментов е прилично несигурен, вели берлинскиот експерт Франц Јозеф Алтман. На прашањето дали смета оти е можно продолжување на овој проект, Алтман одговара:

„Прашањето е дали е тој можен„.

Набуко-прокетот треба да чини 4,6 милијради евра. Станува збор за транспрот на гас од Капиското Море, со преку 3 илјади и 300 километри долгиот гасовод преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија. Гасоводот, со планиран годишен капацитет од околу 30 милијради кубни метри, треба да го носи гасот пред се од Азербејџан и Иран кон Европа за на тој начин да биде алтернативен енергетски извор за рускиот гас.

Изградбата би требало да започне веќе во идната година, а во погон да влезе во 2011. Меѓутоа, на патот на остварувањето има се уште многу организаторски и финансиски проблеми. Така, Унгарија пред извесно време се повлече од учеството и најави дека ја претпочита руската алтернатива „Блустрим – гасоводот„. Професор Алтман оценува:

„Тоа прилично не изненади, дури не шокираше, што токму унгарскиот премиер Ѓурчани реши да се качи на рускиот брод. Мислам дека не размисли добро што прави со тоа. Зашто вистина станува збор за заедничка европска политика за снабдување со енергија„.

Блустрим гасоводот, долг илјада 213 километри, започна да работи во 2005 година и пренесува руски гас кон Турција, под Црното Море. Меѓутоа, Русија најави интерес гасоводот да го продолжи преку Балкан кон Унгарија. Според професор Алтман, тоа не значи и крај за проектот Набуко:

„Технички е можен. Можен е и ако сите земји учесници се согласат, ако конзорциумот ги добива финансиите и ако земјите точно ги одмерат своите интереси. А, тоа треба да го направат зашто Набуко е европски проект, додека ’Блустрим’ е чисто руски проект„.

Алтман предупредува:

„Русите играат многу вешто, посебно во областа на финансиите, а тоа е проблемот на Набуко, што мораат да играат премногу играчи. Се чини, во моментов е многу тешко сите да се најдат на иста страна„.

Кога се зборува за диверзификација во снабдувањето со енергија за Европа, спорен е и нафтоводот Бургас – Александропулос кој треба да транспортира руска нафта преку Бугарија и Грција. Професор Алтман тоа вака го посматра:

„Станува збор за тоа кон Европа успешно да доаѓаат дополнителни испораки. Тоа значи дека не мора да бидат само руски испораки. Можат да бидат и од Азербејџан што би биле носени преку море. Затоа тој проект за гасовод треба да се држи отворен и да не се гледа во оние што ги доминира Русија„.

Извесно време се шират гласови според кои Србија би понудила да биде крајна станица или за Набуко, или за Блустрим, како порамнување за независноста на Косово. Има ли во тоа вистина? Професор Алтман негира:

„Не. Мора јасно да се каже – не. Србија јасно соопшти дека нема трговија за Косово без оглед дали станува збор за побрзо членство во Европската унија или токму Набуко гасоводот„.

Според зборовите на Франц Јозеф Алтман, тоа на Србија воопшто и не и’ треба. Напротив, во моментов се наоѓа во комфорна состојба во која се натпреваруваат две страни: Русија и Европската унија. Професор Алтман оценува:

„Токму кога станува збор за последново, Русија веќе ја отвори својата понуда и Путин му вети на премиерот Коштуница милијарда долари инвестиции во случај токму Набуко да не се оствари. Со таа една милијарда долари би се финансирал нафтовод од бугарската до унгарската граница, значи низ цела Србија. Оттаму, Србија не зависи и дури со тоа може да игра и сосем јасно да каже: ’Косово не е на продажба’„.