1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Набљудувачите пријавија проблеми за време на изборите во САД

Дирк Кауфман /сад/ Кристина Озимец10 ноември 2012

Со завршувањето на претседателските избори во САД, на површина излегоа критиките за проблеми при броењето на гласовите, отстранети набљудувачи и конфузни процеси на гласање.

https://p.dw.com/p/16gXe
Фотографија: Getty Images

Американската сојузна држава Пенсилванија е една од државите каде неодамна беше донесен закон за идентификација на гласачите. Иако судот го укина законот непосредно пред гласањето, бидејќи некои од Американците немаат идентификација, многу од луѓето кои работеа во изборните места не беа свесни за промената. Како резултат на ваквата ситуација, некои од гласачите биле вратени од изборните места и не им било дозволено да гласаат.

Неинформирани изборни работници, расипани машини за гласање, долги редици пред изборните места и погрешни изборни листи, беа дел од нерегуларностите на последните претседателски избори во САД, констатирани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која членуваат и САД и Канада.

Германскиот парламентарец Јирген Климке е еден од 80-те ОБСЕ набљудувачи кои присуствуваа на гласањето во Мериленд и Вашингтон. Климке за германскиот венсик „Велт“ се пожали дека во голема мера, набљудувањето на американското гласање било невозможно. Климке истакнува дека бил спречен во извршувањето на неговата работа, а и другите набљудувачи не можеле да пристапат до секое изборно место. Овие искуства го довеле Климке до заклучок дека „изборите не биле комплетно демократски“.

USA Wahl Wahltag 2012 Wähler OHIO
Долги редици пред изборните местаФотографија: Reuters

Избирачите не сакаат некој да им ѕирка преку рамо

Портпаролот на ОБСЕ Томас Рајмер не го дели мислењето на неговиот германски колега, иако признава дека постоеле случаи каде набљудувачите на изборите буквално морале да стојат пред врата. Рајмер потврдува дека набљудувачите не можеле да влезат на секое изборно место, додека на некои места морале да набљудуваат од дистанца од најмалку 30 метри.

„Имаше неколку случаи каде набљудувачите добија закани дека ќе бидат кривично прогонувани ако се обидат да влезат во изборното место“, вели Рајмер за ДВ.

Дописникот на Дојче Веле, Кристина Бергман, ја потврдува ваквата ситуација, иако не е убедена дека ова се случува за да се покријат некакви нерегуларности. Според неа, на некои места гласачите едноставно не сакаат некој да им гледа преку рамото додека гласаат.

Wahlen USA 2012
Американците не сакаат да им се ѕирка преку рамо додека гласаат, вели БергманФотографија: Reuters

Континуирана потреба за промени

Рајмер вели дека ОБСЕ ги набљудува американските избори од 2002 година. „Ова не е прв пат да наидуваме на вакви потешкотии, истото го забележавме и во претходните извештаи“, вели Рајмер за ДВ.

Според Бергман, извештаите привлекле меѓународно внимание, водејќи ги оние кои се одговорни да дојдат до заклучокот дека нешто мора да се промени за да се подобри ситуацијата.

Како што истакнува Рајмер, она што се прави не е доволно и иако во многу од поединечните држави на САД се прават одредени напори, се‘ уште постојат потешкотии во процесот.

Флорида, на пример, никако не може да излезе на крај со броењето на гласовите, вели Бергман. Јужната американска држава имаше проблеми во претходните избори, и сега и треба најмногу време од сите останати држави за да ги преброи гласовите.

Конфузија и несигурност

Рајмер пред се‘ го критикува фактот дека гласачите не знаеле како да се идентификуваат или пак, дека им бил кажан погрешен датум за гласање. Особено вознемирувачки е што промените во изборните закони биле правени во последен момент.

USA Wahl Wahltag 2012 Wahllokal Auszählung der Stimmen
Фотографија: Getty Images

„Ова во меѓународни рамки генерално се смета за лоша практика, затоа што никој не знае кои ќе бидат правилата по кои ќе се игра“, вели Рајмер.

Освен тоа, различните закони за гласање можат да ги збунат гласачите, вели Бергман. Според неа, еден гласач кој гласал електронски четири години, сега морал да го пополнува ливчето со рака. „Ова може да биде збунувачки“, додава таа.

Во Америка, законите за гласање се носат во секоја од 50-те држави поединечно и затоа постојат различни закони.

Горди на демократијата

За Рајмер, медиумите се исто така важен фактор во последните избори. За време на следењето на изборите во медиумите имаше диверзитет со претставување на најразлични гледишта. Рајмер бил исто така импресиониран од ставот на одредени гласачи, кои и покрај одредени потешкотии со кои биле соочени, гордо го практикувале своето демократско право на глас.

На источниот брег на пример, кој беше погоден од ураганот Сенди и предизвика хаос, гласачите ги победиле тешките услови и гордо со часови чекале во редици за да гласаат.

Изборните места отворале во шест часот наутро и луѓето морале да чекаат на ладно за да гласаат. „Но нивната гордост доминираше и тие велеа ‘имаме право да гласаме и ние ќе го искористиме тоа право, ќе чекаме колку и да е потребно’“, потврдува Кристина Бергман.