1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наградата Сахаров за Малала

ЖА/кна10 октомври 2013

Пакистанската активистка за правата на децата Малала Јузафшаи ја доби наградата Сахаров, која ја доделува Европскиот парламент.

https://p.dw.com/p/19xNG
Фотографија: Reuters

„Малала храбро ги застапува правата на децата на фер-образование, право кое на девојчињата често им е скратено“, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска во Стразбур при објавувањето на името на добитникот на нгарадата Сахаров.

Бидејќи Малала се залагала за правата на децата во Пакистан да одат во училиште, талибански борци и‘ пукале во главата во училишен автобус. Таа го преживеа нападот и беше пренесена на лекување во клиника во Бирмингем, Велика Британија, каде оттогаш живее со семејството.

Наградата Сахаров за слобода на мислењето е воведена во 1988. година и се доделува секоја година. Европскиот парламент со неа ги одликува личностите и институциите кои вложуваат посебен ангажман за човековите права и заштитата на малцинствата, за владеење на меѓународното право и духовни слободи. Наградата е дотирана со 50 илјади евра, а годинешната ќе биде врачена на 20. ноември на пленарна седница на Европскиот парламент.

Признанието е именувано по советскиот физичар и носител на Нобеловата награда за мир во 1975. година, Андреј Сахаров (1921-1989). Во досегашните добитници се и поранешниот генерален секретар на ОН, КОфи Анан и екс-јужноагриканскиот претседател Нелсон Мандела.