1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надворешната американска политика пред нови предизвици

17 јуни 2007

Прво Хамас ја освои власта во Газа, следеше кризата во Либан и се усложни ситуација во Ирак. Политиката на американскиот претседател Џорџ Буш се повеќе е мета на критика во САД. Карстен Шмистер анализира.

https://p.dw.com/p/AxSF
Политиката на Буш мета на критикиФотографија: ap

“Мојата визија се две држави кои живеат една покрај друга во мир и стабилност” . Вака пред пет години, американскиот претседател Џорџ Буш по прв пат го пропагираше постоењето на две држави, Израел и Палестина.

Убави зборови подоцна пронајаде и Збигњев Бжежинск, поранешен советник за безбедност на претседателот Џими Картер:

“Доколку бидат препуштени сами на себе, ниту Израел ниту Палестинците нема да постигнат мир. Ним им е потребен некој како САД кој ќе се вклучи во решавањето на проблемот и со голем притисок ќе работи да се постигне напредок”.

Но, САД ја водат својата “војна против тероризмот” на која и беше подредена целата надворешна политика на земјата, се дододека состојбата во Ирак не се влоши, па Вашингтон мораше да го промени курсот. Доцна е за тоа , смета Томас Барнет, стручњак за национална безбедност:

“Минатата година нашата влада повторно ја откри дипломатијата. Но, не баш успешно. Постојано не потсетуваат на американските самостојни испади и се поставува прашањето кој ќе го наследи Буш”.

Навредливи зборови како “претседател кој со главата гњури во песок”,постојано се актуелизираат, додека Буш стои немоќен наспроти хаосот на Блискиот исток. Во американските весници може да се прочитаат и вакви наслови на сметка на Буш " Сега навистина го доби моделот на две држави, само што тоа се појасот на Газа и Западниот брег, наместо Израел и Палестина”.

Она што Буш и многу други пред пет години го изнесоа како визија за иднината стана минато уште пред да стане реалност, смета поранешниот американски амбасадор Едвард Абингтон. Ниту тој, ниту други познавачи на Блискиот Исток немаа јасна идеја што ќе се случува во иднина. Покрај песимистичките размислувања дека и појасот Газа може да стане место на кое ќе се собираат екстремисти и ново жариште, може да се размислува и оптимистички како поранешниот американски амбасадор во Израел и Сирија, Едвард Џеријана. Тој не ја изгуби надежта ниту за време на кризата во Либан, а ни сега:

“Доколку се покаже светло на политичкиот хоризонт и доколку луѓето сфатат како ќе изгледа нивната иднина, тогаш под американска, меѓународна и регионална дипломатија би биле подготвени да ги следат преговорите”.

Се чини сега дека американската влада би можела да го прифати губењето на појасот Газа, а потоа да го поддржи палестинскиот претседател Махмуд Абас и на примерот на Западниот брег да покаже што може да постигнат умерените сили со меѓународна поддршка. Дали навистина вака се размислува во Вашингтон, беше прашан Шон Меккормак, портпаролот на американското министерство за надворешни:

“Ќе видиме дали оваа криза нуди можност работите да се придвижат напред”.

Поголемиот дел од критичарите на американскиот претседател Буш мислат спротивно. Во блиско источната политика стоиме пред целосен крах, смета Мартин Индук од Брукинс институтот:

“На пример да го земеме конфликтот меѓу Палестинците и Израел. Потоа американската авантура во Ирак која е пред пропаст или нашиот проблем со нуклеарните амбиции на Иран. Се плашам дека од сето тоа може да произлезе голема бура”, предупредува експертот Индук.