1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над сто илјади Руси протестираат против власта

4 февруари 2012

Илјадници Руси денеска (04.02) во Москва протестираат против владата на Владимир Путин. Тие бараат оставка на премиерот и на претседателот на земјата.

https://p.dw.com/p/13x2s
Фотографија: picture-alliance/dpa

На температури од минус 17 степени Целзиусови, денеска, како што соопштија организаторите на протестите, околу 120.000 луѓе демонстрираат против властите во Русија. Полицијата наведува дека на протестите учествуваат околу 36.000 луѓе и дека на собир во знак на поддршка на владата има околу 140.000 луѓе.

„Ние сме најмалку 120.000“, изјави Владимир Ришков, еден од организаторите на демонстрациите против Путин и Медведев. Тој е копретседател на опозиционото движење Парнас, на кое не му беше дозволено да учествува на контроверзните парламентарни избори во Русија, што се одржаа на 4 декември. Критичарите на владата носат повторно бели ленти како знак на протестното движење. „Ќе демонстрираме додека не си заминете“, стои на транспарентите. Антикорупцискиот активист Алексеј Навални изјави: „Овде има луѓе со целосно различни политички ставови - леви, десни, националисти, сите“.

Russland Opposition Demonstration Protest auf den Straßen Moskau
Фотографија: picture-alliance/dpa

Раководството во Москва, по парламентарните избори на 4 декември 2011-та година, е конфронтирано со најголемото протестно движење во Русија од стапувањето на власт на Владимир Путин во 2000-та година. На 4 март годинава, тој сака повторно да биде избран за претседател, а премиерската функција треба да ја преземе Медведев.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: Ж. Ацеска