1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намален бројот на гладни луѓе во светот

АТ/ епд/ дпа1 октомври 2013

Бројот на луѓето кои гладуваат во светот е намален за 26 милиони, проценуваат Обединетите нации. И покрај тоа, сѐ уште секој осми човек во светот нема доволно за јадење.

https://p.dw.com/p/19sDY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најголем број од луѓето кои гладуваат живеат во земјите во развој, пред сѐ во јужните делови на Азија и јужните делови на африканскиот континент. Ова произлегува од светскиот извештај за исхрана објавен денеска (01.10.) во Рим. Вкупно 842 милиони луѓе, или дванаесет проценти од светското население, меѓу 2011 и 2013 година немалe доволно храна. За споредба од 2010 до 2012 година кога Организацијата на ОН за исхрана и земјоделство - ФАО процени дека 868 милиони луѓе немале доволно храна. Ова значи намалување за три проценти.

Секој петти Aфриканец страда од глад

Како вкупниот број, така и уделот на луѓето кои страдаат од глад меѓу населението се намалени во источна и југоисточна Азија. Според извештајот најголем напредок во борбата против гладот е постигнат во југоисточна Азија. Таму уделот на недоволно исхранети се намали од околу 30 на десет проценти.

Според извештајот, во јужните делови на Азија, како и во Африка јужно од Сахара и северна Африка се покачил процентот на луѓето кои страдаат од глад. Во извештајот за исхрана се проценува дека таму секој петти човек страда од глад.

Голем број на земји во развој постигнале непрадок во борбата против гладот, се вели во извештајот. Порастот би можел да придонесе за повисоки примања и поголема безбедност за исхраната, меѓутоа „тоа не води безусловно до повеќе и подобра работа за сите, доколку процесот не е поддржуван од политика за сиромашните, особено во руралните области“.

Од 1990/1992 бројот на постојано гладни луѓе според податоци на ФАО е намален за 17 проценти. ФАО, Светската програма за исхрана и Меѓународните фондови за земјоделски развој секоја година подготвуваат извештај за борбата против гладот.