1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наместо датум-утеха за Македонија!

8 декември 2009

Одлуката за давање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ е одложена, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи од денешната седница во Брисел.

https://p.dw.com/p/Kwdg

Во одлуката, за која постигнале согласност надлежните министри, се вели дека ова прашање ќе биде повторно разгледано за време на шпанското претседателство во првата половина од наредната година. „Советот на министри ја прима на знаење препораката на Европската комисија за отпочнување преговори со ПЈРМ и ќе му се врати на ова прашање за време на наредното претседателство“, се вели во одлуката.

Грција успеа во притисокот

Во претходната предлог-резолуција за Македонија се велеше дека за ова прашање ќе се расправа во март 2010. Европски дипломат изјави за агенцијата Ројтерс дека Грција најавила дека нема да го разгледува ветото на преговорите со Македонија се’ до завршувањето на претедателските избори во земјата закажани за март. Францускиот министер за европски прашања Пјер Лелуш изјави дека министрите за надворешни работи имале поделени мислења. Грција била против спомнувањето датум за преговори за Македонија, додека другите земји биле за почеток на преговорите што е можно побрзо. Тој појасни дека Франција, која инаку сака да го одложи натамошното проширување на ЕУ по пристапувањето на Хрватска и Исланд во 2012 година, ја поддржала Грција во знак на солидарност, иако било јасно дека е во интерес на ЕУ преговорите да почнат што е можно побрзо.

Автор: ГЧ/АТ/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема