1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападите во Алжир будат страв од нова серија

12 април 2007

Во бомбашките напади во алжирскиот главен град според најновите информации загинале најмалку 24 луѓе,а повеќе од 200 се ранети.Одговорноста ја презеде терористичката организација Ал Каеда во Магреб. Нападите наидоа на осуда во целиот свет.

https://p.dw.com/p/Abxq
Фотографија: picture alliance/dpa

Алжирскиот премиер Абделазиз Белкамед атентатите ги нарече криминални и кукавички.Германското претседателство во име на ЕУ во соопштението издадено во Берлин изрази длабока погоденост и сочувство за жртвите.Портпаролот на Американското министерство за надворешни работи Шен Меккормак смета дека исламските терористи претставуваат постојана закана за Северна Африка.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика меѓународната заедница на порешителен настап против насилството.

Нападите во Алжир внесуваат страв од нов бран религиозно мотивиран екстремизам како оној од 90-те години.По анулирањето на парламентарните избори во 1992 година на кои победија исламистите,северноафриканската земја беше втурната во граѓанска војна,загинаа повеќе од 200 илјади луѓе.По повеќе амнестии и судири, во последно време насилството во оваа земја е се поголемо.

Вчерашната прва експлозија беше во владината палата,каде со автомобил се втурна атентатор самоубиец.Детонацијата била толку сила,што се искршени сите прозорци во радиус од 200 метри.Втората бомба експлодира во источниот дел од градот речиси во исто време.,во близина на полициска станица.Земјата повторно е на праг на граѓанска војна, проценуваат експертите.

Во јануари алжирските и мароканските терористички групи формираа нова организација-Ал Каеда од Магреб.

Помирувањето по граѓанската војна од 2002 година не функционира,смета и францускиот историчар Бенјамин Стора,кој укажува и на причините за новиот бран насилство:

-Во обзир треба да се земат повеќе фактори.Од една страна влошувањето на социјалната ситуација.Тоа јасно се гледа во цел регион на Магреб,а вториот аспект,кој не треб ада се потцени,е дека Европа ги затвори своите граници на југот.Оние кои порано пребегуваа таму веќе не можат да го прават тоа,досега оваа миграција беше еден вид социјален вентил,кого повеќе го нема,смета историчарот Стора.