1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат нападите врз Христијаните

7 јануари 2012

Во Нигерија во текот на ноќта (06/07.01) загинаа најмалку 13 луѓе. Осуммина загинаа во напад на исламистичката секта Боко Харам врз црква во Адамава. Другите се жртви во престрелката меѓу Боко Харам и полицијата во Јобе.

https://p.dw.com/p/13fp2
Во нападите на Боко Харам загинаа десетици луѓеФотографија: Picture-Alliance/dpa

Во два напади на исламистичката секта Боко Харам, што се случија ноќеска во североисточниот дел на Нигерија, загинаа најмалку 13 луѓе. Едниот се случи во сојузната држава Адамава, другиот во Јобе. Вчера, во напад на Боко Харам загинаа 20 луѓе, а ден претходно во напад на исламистите врз црква имаше шестмина загинати.

Во текот на изминатите недели во Нигерија се случија многу напади врз христијани, во кои има десетици загинати и за кои одговорноста ја презеде Боко Харам. Исламистичката секта се бори за воведување на исламистичкиот правен систем шарија на северот од земјата. Претседателот Гудлак Џонатан воведе вонредна состојба во делови на особено погодените сојузни држави во северниот дел на Нигерија. Претставник на исламистите изјави дека вонредната состојба нема да ги спречи припадниците на Боко Харам да „одат каде што сакаат“.

Автор: ЕМФ/адфп/дапд

Редактор: С. Недевски