1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападот во Анкара, дело на курдските сепаратисти?

23 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnwO

Турската полицијата се сомнева дека зад вчерашниот бомбашки напад во главниот град Анкара во кој загинаа 6 лица стојат курдските сепаратисти. На тоа укажува истрагата на нападот во кој бил употребен пластичен експлозив. Покрај загинатите во експлозијата што се случи на една автобуска станица пред еден трговски центар беа повредени уште најмалку 100 лица.