1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад во израелско туристичко место

29 јануари 2007

Најмалку три лица загинаа денеска во израелското одморалиште Еилат на Црвеното море во напад на бомбаш самоубиец. Полицијата соопшти дека уште неколку лица се тешко повредени. Додека Израелците стравуваат од нови терористички напади, Палестинците стравуваат судирите во појасот Газа да не прераснат во граѓанска војна.

https://p.dw.com/p/Adti
Сцени од нападот во Еилат
Сцени од нападот во ЕилатФотографија: AP

Момче со појас на кој имало закачено осум килограми експлозив утринава влегло во пекарница во популарниот израелски туристички град Еилат на Црвеното море. По кратко време ја активирал бомбата, и покрај него загинале уштре три лица. Еден очевидец раскажува:

“Видов човек со капут и црна чанта како влегува во дуќанот и ми падна чудно бидејќи во Елијат е топло и никој не носи капут. И си помислив кој будала би се облекол вака?Следното што го чув беше експлозија. Се затресе целата зграда”.

Спасувачките екипи се уште го расчистуваат разурнатото место, а во болница се однесени повеќе лица, меѓу кои има и тешко повредени.

Одговорноста за нападот, кој е прв од минатиот април до сега ја презедоа маченичките бригади Ал Акса и Исламски џихад. Во заедничкото соопштение стои дека нападот е одговор на израелските обиди да и наштетат на ал Акса џамијата во Ерусалим за време на нивните ареолошки истражувања.

Белата куќа веќе го осуди нападот во Еилат и ги обвини Палестинците дека се одговорни оти не успеваат да ги спречат ваквите терористички акции.

“Неуспехот да се делува против тероризмот секако ќе влијае врз односите меѓу палестинската влада и меѓународната заедница, а ќе ги намали и аспирациите на Палестинскиот народ да добијат своја држава”, изјави портпаролот Тони Сноу. И портпарол на движењето Фатах на палестинскиот претседател Абас го осуди нападот со зборовите: “Ние сме против секаква операција насочена кон цивили – без разлика дали се работи за Израелци или Палестинци”. Хамас пак го одбрани нападот како оправдан отпор. Нападот е “природен одговор” за израелската политика која ја водат на Западниот брег и појасот Газа.

И додека Израелците стравуваат дека нивното омилено одморалиште може да биде цел на уште вакви напади, Палестинците во појасот Газа стравуваа од најновата ескалација на насилствата во регионот. Четври ден продолжуваат престрелките меѓу ривалските палестински фракции на Фатах и Хамас. Утрово, според болнички извори загинале уште две лица, со што бројот на жртвите од неколкудневните борби се искачи на 27. Во меѓувреме Саудиска Арабија и Египет понудуја посредство во преговорите меѓу судрените страни. И Хамас и Фатах, како и палестинскиот претсестаел Абас го прифатија повикот на саудискиот крал Абдула да дојдат во Мека на разговори, но не е соопштен датум за можната средба. Палестинскиот министер за информации Јусеф Риска денеска предупреди дека појасот Газа е на раб на граѓанска војна.