1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз воз во Русија

5 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRu

На два дена пред одржувањето парламентарни избори во Русија, изутринава во градот Јесентуки, во јужниот дел од земјата, недалеку од Чеченија, бомбашки напад врз воз, во кој загинаа 19, а повредени се 50-тина лица. "Во седум часот и 40 минути се случи терористички напад. Тој го уништи вториот вагон", изјави портпарол на руското министерство за заштита од катастрофи. Возот полн со работници се движел на релација Кисловодск- Минералније Води. Државното обвинителство ја третира експлозијата како напад и почна истрага за тероризам. Руската агенција Итар Тас повикувајќи се на извори во министерството за внатрешни работи, јавува дека станува збор за самоубиствен атентат. Во септември, на истата железничка линија, непознати сторители активираа бомба, и притоа убија четири, а повредија повеќе од 90 луѓе.