1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напаѓачот од Ансбах требало да биде депортиран во Бугарија

БГ/ап25 јули 2016

Германската полиција денеска откри дека сирискиот бегалец кој се саморазнесе со бомба кај Ансбах добил две известувања за депортација. Властите сомничат 59 бегалци за врски со терористички организации.

https://p.dw.com/p/1JVVj
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Портпаролот на германското МВР вели дека 27-годишниот Сириец кој изврши самоубиствен бомбашки напад бил известен на 13 јули годинава дека треба да биде депортиран во Бугарија. Првото известување за депортација му било испратено уште на 22 декември 2014. Бегалецот требало да биде депортиран во Бугарија затоа што таму го поднел своето прво барање за азил.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие вели дека властите истражуваат 59 бегалци за можни врски со терористички организации. Но, тој предупреди дека ќе биде погрешно доколку се наметне генерален сомнеж врз сите бегалци во земјата.

„Во моментов истражуваме 59 лица за можно терористички врски, и тоа во ситуација кога имаме стотици илјади ново пристигнати“. Тој додаде дека во голем број случаи, сомнежот за терористички врски не се потврдува.

Синоќешниот напад во Ансбах е трет во покраината Баварија во изминатата недела. Викендот сириски бегалец во градот Ројтлинген во југозападна Германија, со мачета уби жена и повреди уште две други лица.

Напаѓачот во Ансбах носел експлозивна направа во својот ранец, но за среќа не успеал да влезе на концертот каде присуствуваа повеќе од 2.500 луѓе. Властите се сомневаат дека нападот имал исламистичка позадина. Во нападот се повредени 12 лица.