1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Направен првиот чекор?

13 февруари 2007

Денеска во Пекинг беше потврдено дека на најновата рунда од шестпартитните преговори за спорната нуклеарна програма на Северна Кореја бил постигнат договор кој предвидува почеток на атомско разоружување на Пјонгјанг во замена за сеопфатно снабдување со енергија на комунистичката земја .

https://p.dw.com/p/AbzI
Преговарачката рунда во Пекинг успешна
Преговарачката рунда во Пекинг успешнаФотографија: AP

Северна Кореја во наредните 60 дена ќе го затвори реакторот ЈонгБјон кој е средиште на нејзината атомска програма и ќе им дозволи на меѓународните инспектори да го посетат комплексот- изјави претпладнево во Пекинг кинескиот преговарач во шестпартитните разговори Ву Давеи , соопштувајќи на тој начин детали од планот за почеток на разоружување на Северна Кореја . Според планот Кореја, за возврат ќе доби 50 илјади тони нафта и економска помош во иста вредност .

Пјонг јанг треба да добие и дополнителни 950 илјади тони нафта или економска помош во иста вредјност , кога ќе направи натамошни чекори за онеспособување на своите нуклеарни капацитети и целосно го запре збогатувањето на ураниум- стои во планот за кој се договорија преговарачите од САД, Кина , Северна Кореја , Јапонија , Русија и Јужна Кореја на крајот од маратонските разговори во Пекинг кои започнаа минатиот четврток .

Кинескиот преговарач Ву Даваи , истотака истакна дека Северна Кореја и САД се договориле да започнат директни разговори со цел обновување на дипломатските подноси , а САД се обврзале и дека ќе започнат полека да го симнуваат Пјонгјанг од листат на земји кои го подржуваат тероризмот , доколку тој го испочитува договорот за негово нуклеарно разоружување.

Истотака договорена е и наредна рунда од шестпартитните преговори , која би требало да се одржи на 19 март .

Американскиот преговарач Кристофер Хил претходнно го опиша нацрт договорот како извонреден и изјави дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш јасно го подржала:

“Разговарав со државниот секретар Рајс , повеќепати во текот на минатат ноќ и таа ги знаеше деталите и ме советуваше од момент во момент ”- изјави Хил.

Инаку овој првичен договор постигнат во Пекинг се случува четири месеци откако Северна Кореа го вознемири светот со својот прв тест на нуклеарно оружје, што предизвика и глобална осуда .

Инаку пред крајот на најновите шестпартитни преговори во Пекинг и објавувањето на постигнатиот договор, јужнокорејскиот преговарал Чун Јунг Ву истакна дека предводникот напреговарачката делегација на Пјонг Јанг Ким Кје Гван се согласил со сите детали на нацрт спогодбата .