1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напредуваат преговорите околу севернокорејската атомска програма

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlVN

Преговорите за завршување на атомската програма на Северна Кореја напредуваат. По четиридневни разговори во Пекинг, претставниците на страните вклучени во преговорите постигнаа согласност за заедничка завршна декларација. Содржината на декларацијата треба да биде објавена за два дена. Северна Кореја веќе даде ветување дека ќе ги запре атомските постројки во февруари, но треба да биде договорена прецизната процедура како тоа ќе се случува.