Светски социјален форум
29 јануари 2012„Народите повеќе не треба да плаќаат за оваа криза“, порачаа вчера (28.01.2012) учесниците на Светскиот социјален форум што се оддржува во бразилскиот град Порто Алегре. Од главниот антикапиталистички собир во светот покрај тоа беше упатена порака за „држави без мултинационални компании во служба на народите“. Форумот исто така ги прифати и паролите на движењето „Окупирај го Волстрит“ кое започна минатата година против политичката и економска елита: „Ние сме 99 проценти, а вие сте 1 процент“. Досега на Светскиот социјален форум присуствуваа околу 40 илјади луѓе .
Форумот се одржува под мотото: „Капиталистичка криза, социјална и еколошка праведност“. До денеска критичарите на глобализацијата сакаат да ги завршат подготовките за т.н Самит на народите кој во јуни треба да се одржи паралелно со Самитот за климата на ОН во Рио де Женеиро. Светскиот социјален форум беше основан во 2001-ва година во Порто Алегре како противтежа на Светскиот економски форум кој традиционално се одржува во швајцарското одморалиште Давос.
Автор: СН/ АТ/ дв/ дпа
Редактор: Александра Трајковска