1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО апелира за воздржаност на Турција

17 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrnQ

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хооп Шефер апелираше до Турција во борбата против курдската сепаратистичка организација ПКК да покаже воздржаност . Причина за ваквиот апел е за денеска најавената одлука на парламентот во Анкара со која на владата ќе и дозволи да одлучува дали и кога ќе интервенира во Северен Ирак. Ваквата резолуција би важела една година.

Припадниците на курдската работничка партија во изминатите недели токму од северн Ирак напаѓаа цели во Турција.

Ирачката влада предупреди од ваквата акција и ја повика Турција проблемот да го реши преку преговори.