1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„ НАТО во Чикаго да испрати цврста порака за отворени врати“

ЕМФ/СН/миа/макфакс29 март 2012

Со заедничка изјава на министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба и на САД реафирмирана поддршката за полноправно членство на Македонија во НАТО.

https://p.dw.com/p/14Ude
Фотографија: picture-alliance/dpa

НАТО на претстојниот самитво Чикаго да испрати цврста порака до земјите аспиранти дека Алијансата останува посветена на политиката на отворени врати кон евроатлантските интеграции во Југоисточна Европа, стои во заедничката изјава на министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба и САД, што произлезе од денешната конференција „Заеднички предизвици и здружени решенија“ што се одржа во Скопје.

Во изјавата се истакнува важната улога на Хрватска, Албанија и на САД во обезбедувањето на континуирана поддршка за останатите земји од А5 во нивните аспирации за полноправно членство во НАТО. Во тој контекст се реафирмира поддршката за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, што е можно поскоро, се подвлекува во заедничката изјава, потпишана од министрите за одбрана на Македонија, Албанија, Хрватска и Црна Гора, Фатмир Бесими, Арбен Имами, Анте Котромановиќ и Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, заменик министерот за одбрана на БиХ, Мирко Околиќ и американскиот-помошник државен секретар за одбрана, Селест Валандер.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne
Фотографија: DW/Petr Stojanowski

„НАТО останува стратешки приоритет на Македонија

Во неа уште се се охрабруваат земјите од регионот да продолжат со имплементација на одбранбените реформи. Се потенцира и напредокот на земјите од регионот во зајакнување на демократијата и демократските институции, негувањето на одржлив развој и почитувањето на човековите права.

„Членството во ЕУ и НАТО останува стратешки приоритет за Македонија. Имаме
целосен политички консензус за ова во земјата и имаме силна поддршка од сите
граѓани во овој правец. Оттука, има високи очекувања за постигнување во овој
правец – интеграција и членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Самитот на НАТО
во Чикаго се гледа како една од можностите“, порача на конференцијата македонскиот министер за одбрана Бесими. Американската претставничка Валандер пак нагласи : „САД продолжува да ја поддржува политиката на отворени врати за евроатланските институции и го поздравува континуираниот напредок на југоисточна Европа во принципот на соработка“