1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО договори обука на ирачките сили за безбедност

23 септември 2004

НАТО конечно постигна единство околу обуката на ирачките безбедносни сили,соопшти синоќа портпарол на Алијансата во Брисел. Следниот чекор-на НАТО амбасадорите во октомври терба да им биде поднесен на одобрување т.н. оперативен план

https://p.dw.com/p/AcKy
Јап де Хоп Шефер притиска на поскор почеток на мисијата во Ирак
Јап де Хоп Шефер притиска на поскор почеток на мисијата во ИракФотографија: AP

Французите до крајот се бореа за секоја точка и запирка,изјави еден НАТО- дипломат откако портпаролот Џејмс Апатури по повеќечасовни натегања конечно можеше да го објави постигнувањето единство.Германија,Белгија и Шпанија уште минатата недела ги расчистија двоумењата,само Франција сакаше да истера на чистина дека НАТО во никој случај не може да настапува во својство на борбени,туку како помошни трупи.

По можност да не се покаже никаков профил.Ова француската министерка за одбрана Мишел Алио Мари го зацрта како лајтлинија.Спорно беше уште и финансирањето на мисијата.

Центарот за обука за ирачките офицери треба да биде сместен во близина на Багдад,на неговата зграда нема да се вее знаме на НАТО.Предвидените 300 НАТО инструктори ќе бидат заштитувани од војниците на коалиционите трупи.Главната команда ќе ја има американски офицер,кој всушност припаѓа на коалиционите трупи,но истовремено ќе и биде подреден на НАТО командата.На овие комплицирани правила инсистираше Франција,огорчен противник на окупацијата.

НАТО-амбасадорите од другите земји кои ги поддржаа САД во Брисел покажаа нетрпеливост кон француската тврдокорност,зашто Франија воопшти не испраќа ниту еден свој војник во Ирак,како и Германија.

Пред три месеци шефовите на држави и влади од земјите од НАТО на нивниот самит во Истанбул заклучија да и пружат помош на новата преодна влада на Ирак.Деталите требаше да бидат готови порано.Уште од август во Багдад е испратена 40 члена група која треба да го подготви ангажманот за обука.

Но,поради компликуваната безбедносна ситуација,терористичките напади и киднапирањата,НАТО војниците речиси не можат да ја напуштат касарната.Нејасно е колку ќе трае и изградбата на центарот за обука.Во октомври терба да биде поднесен оперативен план за кој повторно треба да се согласат амбасадорите од Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер притиска за да може обуката на ирачките офицери да има воопшто некакво влијание за кон крајот на јануар планираните избори.За него ангажманот на НАТО во Ирак се повеќе и повеќе станува и лична проба.