1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО-дополнителна помош во Авганистан

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwQB

По апелите за помош од Холандија и политичкиот притисок од САД,на средбата на НАТО министрите за одбрана во холандскиот град Нордвијк,која продолжува денеска, дадени се ветувања за испраќање дополнителен број војници во Авганистан.Девет држави,меѓу нив и Франција и Германија,најавија ставање на располагање воени трупи и инструктори за обука на авганистанските сили за безбедност,се дознава од дипломатски извори.Американскиот министер за одбрана Роберт Гејст претходно ги критикуваше сојузниците за недоволен ангажман во Авганистан.