1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО не ги затвора вратите

Александар Чомовски22 ноември 2006

Земјите од Јадранската повелба имаат шанса за поединечен влез од 2008 година,изјави денеска британскиот амбасадор во Скопје Роберт Диксон.И американскиот Конгрес ќе иницира резолуција за поддршка

https://p.dw.com/p/Adau
Фотографија: aptn

Судството во Македонија и задава грижа на ЕУ,со ваква изјава евроамбасадорот Фуере влезе на собирот „Како до правна стабилност и држава“ што во Скопје се одржува зад затворени врати.Дали во справувањето со растечкиот криминал и немоќта на обвинителството ќе помогне странец-вечерва во Македонија ќе допатува Франческо Мандеи,италијански заменик јавен обвинител за организиран криминал.Ангажирањето на овој ловец на мафијаши е по директна сугестија и иницијатива на премиерот Груевски.

Судството и криминалот се двете делетктирани слабости на патот кон НАТО и ЕУ.Реформите треба да се длабински,велат сите странци кои деновиве се во Македонија.Покрај САД отсега и Норвешка ќе биде непосреден лобист на овој правец.Американските конгресмени ќе иницираат и тамошна резолуција за поддршка кон НАТО,рече Влатко Ѓорчев,пратеник од владеачката ВМРО ДПМНЕ по разговорите со гостите од САД:

-Мисиите дефинитивно се силна страна на Македонија,зашто ние учествуваме во голем број мисии на меѓународната заендица,вклучувајќи ги и оние на НАТО.Американските конгресмени не информираа денес дека тие всушност ќе поднесат барање за резолуција во американскиот Конгрес,кој по американскиот Сенат ќе усвои резолуција за прифаќање на Макеоднија,Хрватска и Албанија за членство во НАТО.

Пред самитот на НАТО како по правило се отвора и прашањето за името,дали тоа може да ги попречи македонските евроатлански аспирации.Конгресменот од Северна Каролина Дејвид Прајс денеска во Скопје не ја исклучи можноста Макеоднија да се нарекува со свое име.

-Не сакам да сугерирам каков компромис и заклучоци се неопходни за да се најде решение за спорот околу името,рече Прајс.

Тој во САД беше потписник на резолуција за поддршка на Грција околку промената на уставното име во Македонија,но денеска во Скопје очигледно имаше променет став.

НАТО не ги затвора портите за натамошно проширување,потврди и британскиот амбасадор во Скопје:

-Јас се надевам дека ќе биде регистриран напредокот во Хрватска,Албанија и Македонија и тоа ќе биде истакнато во изјавата од НАТО самитот,рече британскиот амбасадор во Скопје Роберт Диксон.