1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО обука за ирачките сили

28 јуни 2004

НАТО ќе учествува во обновата на Ирак и тоа во обуката на безбедносните сили. Ова вчера, пред почетокот на самитот на алијансата во Истанбул го изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.

https://p.dw.com/p/AcMj
Војници на НАТО во Авганистан
Војници на НАТО во АвганистанФотографија: AP

Германскиот канцелар Герхард Шредер одново потврди дека Германија нема да испраќа свои војници во Ирак, но затоа сојузната влада е подготвена да обучува ирачки безбедносни сили во германските училишта. Американскиот претседател Џорџ Буш се откажа од намерата за испраќање сили на НАТО во Ирак. Треба да се постигнат поскромни цели. Генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер тоа вака го формулира:

“Мислам дека алијансата треба да реагира на молбата на владата на Ирак и алијансата тоа ќе го направи“. Се мисли на писмото на ирачкиот преоден премиер Ијад Алави во кое моли за помош во обуката на безбедносните сили, како и неконкретизирана техничка поддршка. Тоа можат да го прифатат дури и Германците кои покрај Французите, беа најостри противници на војната во Ирак. Германскиот канцелар Герхард Шредер сепак со јасна ограда:

“Секако сме подготвени ако ирачката влада сака, да обучуваме ирачки вони сили во Германија, на пример, во нашите високи училишта. Тоа го правиме и со други земји и тоа не е проблематично. Но остануваме на тоа дека во Ирак нема да има ниту еден германски војник, тоа го реков од почетокот и тоа ќе биде линијата што ќе ја застапувам и во Истанбул“.

Втората спорна точка е ситуацијата во Авганистан, односно мировната мисија во оваа земја. Шефер цинично вели дека мора да моли за секој поединечен хеликоптер. А, неговиот командант во Авганистан предупредува: ако НАТО- членките наскоро не испратат нови трупи, можат да бидат загрозени изборите во септември и вкупната ситуација. Оттаму, самитот во Истанбул ќе има многу работа.