1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО подготвен за сите предизвици на Косово

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Awjk

КФОР е подготвен да одговори на сите предизвици на Косово –порача денеска во Брисел , генералниот секретар на НАТО , Јаап де Хооп Шефер . Според Шефер , Алијансата го подржува планот на специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари за идниот статус на Косово и верува дека тој процес ќе доведе до најдобри можности за мирна и просперитетна иднина на Косово и на регионот .

НАТО и натаму е подготвен да ја одигра својата улога при спроведувањето на решението за статусот на Косово – истакна Шефер кој присуствуваше на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел.