1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО треба да штеди

11 јуни 2010

Со оглед на финансиската криза, НАТО врши проверка на своите трошоци. Генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен во Брисел ги обврза сите 28 земји-членки на драстични мерки за штедење.

https://p.dw.com/p/No7T
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог РасмусенФотографија: AP

Целокупниот буџет на НАТО за војската и управата изнесува околу две милијарди евра. Голем број влади кои се принудени да штедат поради финансиската криза, сметаат дека тоа е премногу. Се‘ повеќе се трошат и пари на мисијата во Авганистан, која е убедливо најголемата мисија на НАТО. Германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг веќе планира радикални реформи во Бундесверот. Можно е дури и укинување на задолжителното отслужување на воен рок.

Намалување на командната структура

Christian Schmidt Mitglied des Deutschen Bundetages CDU-Mitglied
Кристијан Шмит од германското министерство за одбранаФотографија: presse

Сепак, и Алијансата треба да штеди, рече државниот секретар во германското министерство за одбрана Кристијан Шмит во Брисел: „Оттука произлегува дека на сите нивоа, исто и на ниво на НАТО, со ресурсите треба да постапуваме внимателно, штедливо и плански, и дека се‘ уште имаме можности за подобрување.“

Претставниците на НАТО не сметаат дека има можности за подобрување во чисто воената област, оти таму веќе со години владее опасен недостаток. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен тоа го формулираше вака: „Мора да го скратиме салото, не мускулите. Додека бараме можности за штедење, мора да ја одржиме нашата подготвеност да се одбраниме од напади против нас и да спроведуваме значајни операции.“

Велејќи сало, Расмусен мисли на управата. Се водат преговори за намалување на командната структура од 13.500 на најмногу 9.500 места. Од денешните 14 агенции за одбрана, можеби ќе се укинат сите освен три. А бројот на главните штабови, од денешните единаесет, можеби ќе се намали на пет. Што конкретно ќе се крати, НАТО ќе одлучува дури на следниот самит, наесен.

Лавовски дел кој изнесува милијарди

Treffen der NATO Außenminister in Brüssel
И Алијансата е погодена од финансиската кризаФотографија: AP

Министрите на НАТО, во моментов, го разгледуваат и прашањето за противракетна одбрана, пред се‘ од финансиски аспект. Закопани се старите планови, уште од времето на американскиот претседател Џорџ Буш, меѓу другото, и поради категоричното противење на Русија. Сега Расмусен најавува нов правец: „Технички е возможно да се прошири системот, кој НАТО веќе го има развиено за заштита на нашите војници, и со тоа да се заштити и нашето население и територија. Додатните трошоци може да се контролираат - помалку од 200 милиони евра за десетгодишен период, што ќе ги сносат 28 партнери во Сојузот.“

Тука секако спаѓаат и трошоците за земјите-членки. Тоа е лавовски дел, кој ќе изнесува милијарди евра. Шефовите на држави и влади и на оваа тема ќе разговараат дури на самитот на есен. Еден скап проект, кој нема воен карактер, во секој случај не е зафатен со плановите на штедење - изградба на новото седиште на НАТО. Се проценува дека трошоците ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра.

Автор: Кристоф Хаселбах/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска