1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја поддржува независноста на Косово

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJg

НАТО ја поддржува независноста на Косово, како што е предвидена според планот на ОН, изјави генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер по специјалната седница по ова прашање во Брисел. Американскиот државен потсекретар Николас Барнс изјави дека очекува тежок процес во СБ, но оти верува дека ќе биде пронајдено решение до почетокот на мај. Барнс додаде дека нема шанси Косово да биде преседан за други случаи во Европа, Кавказ или во централна Азија. Во меѓувреме рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин го повика СБ да испрати нова мисија во Белград и Приштина пред да започне со разгледувањето на предлог планот за статусот на Косово на специјалниот пратеник Марти Ахтисари.