1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтата и натаму со растечки цени

21 септември 2005
https://p.dw.com/p/AeNu
Тргување со нафта на берзата во Њујорк
Тргување со нафта на берзата во ЊујоркФотографија: AP

Земјите на ОПЕК донесоа одлука – до крајот на оваа година, дневно на пазарот да ставаат по два милиони барели нафта дополнително.

Но, тоа сеуште не е доволно за релаксирање на пазарите за нафта и цените на црното злато. Со оглед на високите цени на нафтата поради катастрофата од ураганот Катрина во САД, земјите на ОПЕК понудија до крајот на оваа година дневно наместо 30,2 да стават на располагање 32,5 милиони барели нафта. Но, тоа според претседателот на ОПЕК, Ахмед Фахд ел Сабах, ќе значи дека до крајот на годината ќе бидат исцрпени сите резерви на нафта што ги имаат членките на организацијата:

“Двата милиони барели што ги имаме се целиот наш екстра капацитет. Тоа го правиме за да го направиме пазарот покомотен и да дадеме до знаење дека има доволно нафта. Се надевам дека позитивно ќе влијае врз цените. “

Изјавата на Ел Сабах е дадена вчеравечер, но на пазарите денеска се чувствува малку од потегот на ОПЕК. И натаму има нервоза. Сега цената расте поради страв од ураганот Рита кој се приближува до југоистокот на САД. Цената на барел нафта денеска е повисока за повеќе од еден долар , во споредба со вчера. Пазарот стравува од тоа дека новиот ураган може да има исто толкави последици во регионот со нафта во Заливот на Мексико, како што имаше Катрина.