1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтената дамка се’ поблиску до Флорида

3 јуни 2010

Еколошката катастрофа во мексиканскито залив засема се’ поголеми размери. Американскиот претседтел размислува за промена на курсот на енергетската полтика.

https://p.dw.com/p/NgeQ
Фотографија: AP

Нафтената дамка во Мексиканскиот залив и натаму се шири и се приближува до брегот на Флорида, која станува четвртата американската сојузна држава по Луизијана, Алабама и Мисисипи, погодена од нафтената дамка. Американската крајбрежна служба затоа мобилизира дополнителни работници, бродови и хиликоптери, кои треба да помогнат во поставување бариери и отстранување на штетите од еколошката катастрофа. Нафтениот концерн „Бритиш петролеум“, откако вчера се соочи со нови проблеми при сечењето на хаварисаната цевка, го отстрани проблемот и продолжи да работи на затворање на изворот на нафта на 1.500 метри морска длабочина. Шефот на концернот, Тони Хејвард во меѓувреме обелодени дека нафтеното претпријатие не било доволно подготвено да се справи со катастрофата. Критиката насочена кон „БП“ е целосно оправдана, рече Хејвард за денешното издание на „Фајненшл тајмнс“. Рејтинг агенцијата „Фич“ денеска ја намали кредитоспособноста на „Бритиш петролеум“ од рангот АА+ на АА и го стави претпријатието за набљудување на негативна листа. И рејтинг агенцијата „Модис“ ја намали оценката за бонитетот на „Бритиш петролеум“.

Ölpest USA Barack Obama
Обама: парите треба да се вложат во обновливите извори на енергијаФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама, со оглед на развојот во Мексиканскиот залив, се заложи за промена на курсот на енергетската политика на САД. При говор на универзитетот во Питсбург тој побара од Конгресот да ги укине даночните олесунувања за нафтените концерни и да усвои закони за да се прекине опасната зависност од фосилни горивни материи. Парите би требало да се искористат за истражување во еколошките видови енергии.

Автор: АТ/ ТТ/ апн/ дпа

Редактор: Трајче Тосев