1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најдобрите спортисти во Германија во 2009

21 декември 2009

Жири од 1.400 германски спортски новинари за најуспешни ги изгласа пливачот Паул Бидерман во машка, фрлачката на копје Штефи Нериус во женска, и женската национална фудбалска репрезентација во екипна конкуренција.

https://p.dw.com/p/L9sU
Паул Бидерман и Штефи Нериус по доделувањето на признанијатаФотографија: AP

Двократниот светски првак во пливање Паул Бидерман, во изборот зад себе ги остави вицешампионот во Формула 1, Себастијан Фетел и фрлачот на диск Роберт Хартинг. На церемонијата во Баден Баден тој истакна:

„ Ова ме прави неизмерно горд, Многу ме радува. Тоа е неверојатно признание за моите остварувања и за мојот спорт“

Paul Biedermann 200 Meter Schwimmen gewonnen WM Rom
Бидерман по победата на 200 метри на СП во Рим во која зад себе го остави и Мајкл ФелпсФотографија: AP

Паул Бидерман годинава постави светски рекорди на 200 и 400 метри слободен стил на Светското првенство во Рим и му го нанесе првиот пораз на Мајкл Фелпс на неговата омилена патека од 200 метри по цели пет години. Покрај тоа Бидерман стана и двоен европски првак на истите дистанци во кратки базен на првенството во Истанбул.

Круна на кариерата за Нериус

37-годишната Штефи Нериус ја освои титулата на светското атлетско првенство во Берлин, во дисциплината фрлање копје. Тоа беше доволно за жирото да ја избере за најдобра германска спортистка пред минатогодишната победничка пливачката Брита Штефен и скијачката Марија Риш.

„Неверојатно што се’ освојувам годинава“ , изјави во Баден Баден, Нериус.

Fußball EM Qualifikation Frauen
Женската фудбалска репрезентација на ГерманијаФотографија: picture-alliance / dpa

Фудбалерките неприкосновени во Европа

Женската фудбалска репрезентација пак беше избрана за најдобар спортски колектив, пред шампионот во Бундеслигата, Волфсбург, и репрезентативниот осмосед во веслање.

„Се разбира деке ни претставува чест и многу сме горди, дека ја освојуваме оваа награда пред Волфсбург“, изјави репрезентативната голманка, Надин Ангерер.

Женската фудбалска репрезентација годинава ја освои седмата титула европски првак, а во финалето беше совладана селекцијата на Англија со рекордни 6:2.

Автор: Вернер Шмиц/ Симе Недевски

Редактор. Жана Ацеска