1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Најпаметниот град во Грција

СН/ дв
5 февруари 2019

Паметен, попаметен, Трикала - како градоначалникот на малиот грчки град користејќи иновативни технологии го подготвува својот град за предизвиците на иднината.

https://p.dw.com/p/3CjKL
DW Sendung Euromaxx Griechenland Trikala
Фотографија: ZDF

Автобуси со автономно управување, апликација за пронаоѓање бесплатен паркинг... Трикала е првиот грчки „паметен град". А Димитрис Папастергиу (насловна фотографија) е водечкиот „ум“ зад сето тоа. Тој е градоначалник на Трикала. „Станува збор за иновации, за нов начин на размислување што ни треба тука, во Грција. Да не се оди по стариот пат“, ја образложува Папастергиу својата визија.

Во неговата контролна соба тој може да ги следи општинските пумпи за вода, паркинзите на градот, нивото на полнење на контејнерите и во секое време да ги преземе неопходните мерки. Но, Димитрис Папастергиу сака да стори повеќе за својот град.

„Мораме да создадеме подобри услови за живеење и економски услови. Со правилно размислување можеме да ја запреме миграцијата во големите градови и да ги вратиме младите луѓе назад". Дали Трикала ќе стане пример и за остатокот од Грција?

Повеќе за „паметната“ Трикала во следново видео:

 

Првиот „паметен“ град во Грција