1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најтешка несреќа на нафтовод досега

Мајке Шолц27 декември 2006

Во експлозија на нафтовод во нигериската метропола, Лагос, загинаа стотици луѓе. Несреќата ја предизвикале крадци на нафта, кои го дупчеле неколкупати по ред истиот нафтовод.

https://p.dw.com/p/AduY
Пожарникарите стигнале до настраданите дури после неколку часови
Пожарникарите стигнале до настраданите дури после неколку часовиФотографија: AP

Ова е најтешката несреќа со години. Чадот над густо населеното предградие на Лагос стоеше со часови. Пожарот бил таков, што како што беше соопштено, пожарникарите со часови не можеле да стигнат до жртвите. Дури вчера навечер, генералниот секретар на Црвениот крст, Абидун Оребији, потврди дека се стгинало до сите тела на загинатите:

”Загинаа 269 луѓе. 54-ца се повредени. Тие се во болница. Правиме се за да им биде пружена вистинска нега. Се обидуваме да им дадеме поддршка на семејствата, но упатуваме повик и до оние кои се повредени, а во моментов се кријат, да се јават на лекар.”

Многу луѓе се плашат од апсење, зашто ако се јават на лекар тоа ќе значи дека биле на местото на несреќата и дека можеби и тие краделе бензин. Крадците на бензин таа ноќ го издупчиле нафтоводот и украле околу илјада литри бензин. Црвениот крст говори за две банди, за организиран криминал. Нигерија е по тоа позната. Прво доаѓаат професионалните крадци, а потоа жителите. Нивна цел се нафтоводите над земја. Еден полициски командир за актуелната несреќа раскажува:

”Добив вест дека нафотоводот експлодирал таа ноќ. Испратив луѓе за да контролираат и ги информиравме надлежните власти за нафта, кои требаше да ја запрат нафтата. Кога ќе се затвори славината, веќе нема бензин. Така ми беше речено и така е направено.”

Нафтовод, кој во моментов веќе не е опасност. Цел ден спасувачите на лице место пренесуваа и откопуваа изгорени тела. Сега доаѓаат првите обвинувања. Жителите велат дека виновна е корупцијата и сиромаштијата. Критики се упатени и на сметка на властите, кои како што се вели, не ги одржуваат добро нафтоводите, а освен тоа нема и доволно бензин. Пред бензинските пумпи се чека со часови. Непосредно по несреќата во Лагос бензин повторно се појави – на пазарот на црно. И тоа, по двојно повисока цена. Очигледно луѓето свесно се изложуваат на опасност, зашто со само еден канистер бензин продаден на црно, тие можат да живеат цели два месеци.