Најубавите есенски мотиви од Германија
Есента е едно од најубавите годишни времиња за фотографирање на природата. Ви нудиме преглед на најдобрите можности за екскурзија и фото мотиви во Германија, од Алпите до морскиот брег и од шумите до езерата.
Романтичниот Риген
На почетокот на есента првите листови веќе се пожолтени во националниот парк Јазмунд. Еден од белезите на прошетката е погледот од карпестиот предел кој стана познат по славната слика од 19. век на германскиот уметник Каспар Давид Фридрих. Островот на Балтичкото море нуди безброј прекрасни пејзажи.
Преселбата на птиците над Балтичкото Море
Секоја година десетици илјади жерави минуваат на балтичкиот брег подготвувајќи се за долгиот пат кон јужна Европа. Илјадници туристи доаѓаат да ја видат импресивната глетка.
Спокојството на Зилт
Бројните туристи веќе се заминати од Северното Море на почетокот на есента. Ова е одличен период во годината за уживање во мирна прошетка покрај некоја од бројните плажи на островот.
Палатата во Потсдам
Прошетајте низ градините на палатата Сансуси и ќе ги забележите градинарите како забрзано се подготвуваат за зимската сезона. Прускиот крал Фридрих II палатата ја користел само налето затоа што немала греење.
Природата во Хесен
Националниот парк Келервалд-Едерзе ги привлекува посетители и во зима поради своите златни крошни. Паркот во близина на Касел е прогласен за Светско наследство од УНЕСКО во 2011 година заедно со уште четири други шумски региони.
Посета на Саксонија
Планинскиот масив Елбзандштајн во близина на Дрезден е популарен меѓу авантуристите и планинарите наесен. Масивот го карактеризираат интересни карпести предели кои се издигнуваат од двете страни на реката Елба.
Есенска магла во регионот на Таунус
Планината Фелдберг се издигнува над маглата и ниските облаци во регионот Таунус наесен. До неа може да се стигне од Франкфурт со јавен превоз за 40 минути. Популарна е за планинарски екскурзии како кај локалците така и меѓу туристите.
Гроздобер на езерото Констанц
Ова е еден од најсончевите региони во Германија каде можат да се најдат извонредни вина. Популарна туристичка дестинација е манастирското лозје и познатата барокна црква во Бирнау. Привлекува околу половина милион посетители секоја година.
Планинарење во подножјето на Алпите
Есента во Баварија не е само Октоберфест во Минхен. Тоа е одличен период во годината за планинарење и пешачење во подножјето на Алпите. Езерата и шумите околу Минхен се уште една одлична дестинација, исто како и мочуриштата.
Разноликоста во Германија
Има безброј места за посета во Германија наесен каде можете да направите одлични фотографии, на пример во паркот Бајројт. Светлината и боите се радост за сите сетила откако ќе огрее сонцето. Одличен начин да се избега од есенската депресија и од сивото секојдневие.