1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На атентаторите од 11 септември им се заканува смртна казна

Е.Милошевска Фиданоска/ Р. Паулерт5 април 2012

На осомничените организатори на нападите од 11 септември 2001 година треба да им се суди во Гвантанамо. Пред воениот суд ќе се најдат пет лица. Ако бидат прогласени за виновни, на петтемина им се заканува смртна казна.

https://p.dw.com/p/14Xyj
Фотографија: AP

Најголемиот судски процес за тероризам по нападите од 11 септември 2001 година ќе се одвива во воениот суд во контроверзниоот затвор Гвантанамо, на Куба. Така сака американското министерство за одбрана. Обвинението на осомничениот организатор на нападите Калид Шеих Мохамед и четворица други обвинети, меѓу кои и Рамзи Биналшиб од Хамбург, ќе им биде прочитано уште во текот на наредните 30 дена. Пентагон ги обвинува дека се одговорни за планирање и реализација на нападите од 2001 година. Меѓу другото, тие ќе одговараат поради терористички активности, киднапирање авиони, заговор и убиство.

Се заканува смртна казна

Во случај да бидат прогласени за виновни на обвинетите им се заканува смртна казна. Одлуката на американското министерство за одбрана за судски процес во Гвантанамо е поздравено од страна на Белата куќа. Портпаролот на претседателот, Џеј Карни, изјави:

Chalid Scheich Mohammed Terrorist Guantanamo
Oсомничениот организатор на нападите Калид Шеих МохамедФотографија: AP

„Претседателот сака оние што се одговорни за нападите од 11 септември да одговараат.“

Планираниот судски процес е веќе трет обид. Првиот процес, кој исто така се одвиваше во Гвантанамо, беше прекинат поради тоа што американскиот претседател Барак Обама сакаше да го затвори затворот Гванатанамо. Вториот процес требаше да се одвива во Њујорк, но поради огромните протести не можеше ниту да почне.

Критика од борците за човекови права

Одлуката на американското министерство за одбрана предизвика критика. Директорот на организацијата за човекови права АЦЛУ, Антони Ромеро, предупреди дека во случај обвинетите да бидат прогласени за виновни, поради фактот дека процесот се одвивал во Гвантанамо, тој секогаш ќе биде оценуван како нефер.

Термин за почеток на процесот се‘ уште не е определен. Според наводи на експерти дотогаш може да минат месеци.