1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Венецијанците им е преку глава од премногу туристи

К.Фелтес/ С.Недевски4 август 2013

Венеција е една од најатрактивните туристички дестинации во светот. Премногу атрактивна, сметаат многу Венецијанци кои со години се бунат барајќи ограничување на дневниот број посетители.

https://p.dw.com/p/19DRt
Фотографија: Getty Images

Каналот Џудека го блокираше полиција. Причина за тоа се Франка и нејзините соборци. Станува збор за игра меѓу мачка и глушец. Паролите кои ги извикуваат демонстантите се насочени против бродовите во лагуната. Притоа мислат на џиновските крузери кои во Венеција поминуваат неколку пати неделно. Со демонстрацијата сакаат да го спречат нивното минување. Активисти против полиција. Давид против Голијат.

Џулио Гриљо е организатор на демонстрациите. Веќе со години се бори против крстосувачкиот туризам во Венеција. „Секако, градот живее од туризам. Луѓето би ја продале и родената мајка. Важен е само профитот. Но на крстосувачите заработуваат само оние најбогатите.“, вели Џулио.

Се' помалку жители

Flash-Galerie The Tourist
Фотографија: kinowelt

Малите продавници, ресторани и кафулиња од нив не заработуваат речиси ништо. Еден крстосувач во градот носи околу 5.000 туристи кои остануваат еден ден и тука најчесто не јадат, ниту нешто купуваат.

На жителите на Венеција крстосувачите, значи, им носат малку пари но затоа многу смет, штетни издувни гасови и чад. „Уште полоша е онаа енормна струја која, инаку, не се гледа, но се чувствува кога бродовите поминуваат.“, вели Џулио.
Меѓутоа, не е ни чудно што многумина сакаат да ја видат Венеција. Сепак тоа е град преполн со туристи, канали и тесни улички,продавници за сувенири, и град кој има се' помалку жители.
58 илјади жители и исто толку туристи. Венеција секој ден ја посетуваат 58 илјади луѓе.

Неверојатен парадокс

Матео Секи е еден од последните вистински Венецијанци. Кога поминува низ градот со сопругата, гледа како неговата Венеција од ден на ден се менува. „Веќе е отворено!!! Ова беше супермаркет кој беше затворен и сега е овде казино. Сопственици се Кинези.“
Да се живее во Венеција станува се' потешко, вели Матео: „Ова е една од двете продавници за мебел кои останаа во Венеција, во кои Венецијанците, значи, можат да купат мебел. Ако не сакаат да купат тука, мораат да отидат на копно. Како што кажав, една од две продавници.“ Венеција се' повеќе станува забавен парк, вели Матео.
Под мотото Венисленд, Матео пред 2 години демонстрирал заедно со другите Венецијанци. Облекле костуми на Мики Маус и останатите измислени ликови.
И покрај тоа, Матео, како и речиси сите Венецијанци, живеат од туризмот и е сопственик на 2 хотела во Венеција. Се чини дека тоа баш и не се вклопува во целата приказна. „ Венеција живее во неверојатен парадокс. Секако, ние живееме од туристите, но се' се прави за да не‘ избркаат од градот, и токму тоа е она што е парадоксално.“, објаснува Матео.

14.11.2012 DW Deutschland Heute Kreuzfahrt

Доста е !

Touristen in Italien Venedig
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Франка и нејзините истомисленици се вратија од демонстрации. Многумина од нив денес заработија прекршочни пријави. И покрај тоа тие се задоволни. „Имаш толку многу луѓе, толку различни... Демонстриравме и на копно и на море. Тоа докажува дека овој проблем засега многу Венецијанци, дека на многу од нас ни е доста и дека сакаме нешто да се смени.“, вели Франка.

Меѓутоа, додека демонстрантите тука слават, непријателот плови по каналот неколку стотини метри подалеку. Инаку доцни 4 часа, но плови потполно слободно.