1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Иран не му се потребни „западно ориентираните“ ОН

Рајнер Зитфелд4 септември 2006

Генералниот секретар на ОН во Иран не можеше да постигне напредок во атомскиот конфликт - Техеран немаше потреба да му излегува во пресрет

https://p.dw.com/p/Adxf
Фотографија: AP

Моќта на зборот не вреди кај фанатиците кои го слушаат само својот глас. А повеќе од зборови Кофи Анан немаше да понуди при својата визита на Техеран. Се’ друго беше речено. Притоа генералниот секретар уште еднаш си дозволи на раководството на Иран да му понуди можност да се врати на преговарачката маса со целосна доверба. Неговиот показалец насочен против Вашингтон дека со трпение може многу да се постигне, неговото јасно укажување дека санкциите не се решение за сите проблеми, можат да предизвикаат лутина кај администрација на Буш. Но, тие беа студено игнорирани од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, токму како и опомената од Анан во врска со холокаустот, што беше јасно отфрлена како натамошна навреда.

Техеран нема потреба да му излегува во пресрет на челниот дипломат на светската заедница. На Иран не му се потребни тие, како што ги смета, западно ориентирани ОН и тој се иззема себе си од правилата на дипломатијата. Атомскиот спор стана непојмлив, уште понепојмлив по истекот на ултиматумот и тврдите пропагандни тонови од Техеран и од американското министерство за одбрана.

Исто остана како и пред резолуцијата 1696, прашањето во Советот за безбедност: трпение или санкции? Резолуција чија бесмисленост и опасност ја потврди и бесцелната посета на Анан. Петте сили со право на вето и Германија сакаа да покажат колку се сериозни во своето НЕ за иранска атомска бомба. Сега сите шест држави би морале да воведат санкции за да си го зачуваат угледот.

Но, наместо тоа, во големата анти-иранска коалиција владее неединство. Берлин зборува за дипломатски притисок, Париз за повеќе разговори, Лондон бара претпазливост, Пекинг дава нова дефиниција на крајниот рок, а Москва веднаш вели „њет“ за договараните санкции. Само Вашингтон го бара она што стои во резолуцијата на ОН, дури и повеќе.

Тоа се реакции како Техеран самиот да ја пишувал резолуцијата, за повторно да ја заведе меѓународната заедница. Така се еднакви на нула изгледите и шансите да се импресионира Иран. Без продолжување на серијата резолуции, за која се согласија шесте тигри од хартија, Техеран ќе ја постигне својата цел да ја докаже немоќта на Западот и на неомилените ОН. Со нивно продолжување, пак, и со посегнување по првите економски инструменти за тортура, иранскиот претседател ќе ја постигне својата цел да го докаже непријателството на Западот и на неомилените ОН.

Веќе сега е сигурно дека чекорот во Советот за безбедност повеќе му наштети на тоа тело на ОН, отколку што го импресионира Иран. Сега, за среќа, ќе има силно ретерирање. Сега мора повторно да се водат разговори, да му се даде уште една шанса на трпението, иако властодршците во Техеран всушност веќе одамна не го заслужуваат. Но, ако треба да се остане на зборови, светот нема друг избор: мора да преговара усогласено и стрпливо, со готовност целосно да ги прифати правата на Техеран, но исто така и да ги бара обврските од него - и со санкции, на крајот на сите зборови, дури и ако тие тогаш бидат болни за сите засегнати.