1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На коло пред крајот неизвесно е кој ќе презими како есенски лидер

Бенјамин Вист / Зоран Јордановски11 декември 2006

На врвот на Бундеслигата без промени. Спортот и политиката во Германија рака под рака во борбата против допингот

https://p.dw.com/p/Aeh7
Радоста на победникот: играчите на Шалке
Радоста на победникот: играчите на ШалкеФотографија: AP

Шалке против Борусија Дортмунд – тоа не е било каков фудбалски натпревар, туку дерби над сите други. Колку што победата за победникот е слатка, толку е поразот горчлив. Овој пат поразениот се вика Борусија. Тренерот Берт Ван Марвијк се’ уште не може да го сфати поразот од 3 спрема 1: “Според мене првите петнаесет минути игравме многу добро. Имавме контрола врз играта, но ништо не се случуваше, па сами го зајакнавме противникот. Тоа не смее да се случи и навистина ме разлути”.

Мочињата од Шалке и нивниот тренер Мирко Сломка по победата се во божиќно расположение: ”Победа во дербито е секогаш нешто посебно. Но, за нас беше многу важна и затоа што се најдовме под притисок поради победите на нашите тројца конкуренти. Денеска впечатливо докажавме дека местото ни е во врвот на табелата. Сега имаме 33 бодови, исто како и Вердер Бремен”.

Челниот на табелата Вердер по трет пат во сезонава постигна шест голови на еден натпревар. Овој пат судбината го погоди Ајнтрахт Франкфурт – дома загуби со 6 спрема два. “Се разбира, во ова се крие опасност: колку почесто се прикажува нешто вакво, толку растат и амбициите. Но, за нас во прв ред е важно да демнострираме добар фудбал, а тоа тимот денеска навистина го стори во првокласна форма” – рече тренерот на Вардер Томас Шааф. Неговиот колега од домашниот тим Фридхелм Функел за високиот пораз можеше да се одмазди само со констатацијата: “Да, ова е најсилната екипа, но првак на Германија ќе биде Баерн Минхен”.

Баерн извојува рутинска, но неуверлива победа против Енерги Котбус од 2 спрема 1. “Не верувам дека е некој задоволен, значи ни јас, но ни тимот исто така не сме задоволни. Крајот на сезоната во Минхен поинаку си го претставувавме” – критички констатира тренерот Феликс Магат. Поразените и вака и онака беа незадоволни, но од резултатот, а не од својата игра. “За лутење е бидејќи толку многу вложивме, 42 минути одржавме игра без голови и потоа примивме таков гол, за екипата во тој момент сосем незаслужено” – коментира тренерот на Енерги Петрик Зандер.

Победа од екипите од врвот извојува и Штутгарт - го совлада Бохум со 1 спрема 0 и остана на третото место на табелата, зад Вердер и Шалке, а пред Баерн Минхен. Херта Берлин, пак, иако загуби од Баер Леверкузен со 2 спрема 1, го зачува петтото место. Меѓу поразените во ова коло е и Волфсбург кој дома загуби од Алеманија Ахен со 2 спрема 1. Тренерот Клаус Аугенталер е разочаран: “Ако победевме денеска, ќе ја достигневме границата од 22 бода. Тоа ќе не оставеше малку полесно да дишеме, но секогаш кога играме важен натпревар, потклекнуваме на притисокот – не знам дали се во прашање нервите. Работиме - и мора да работиме на тоа”.

Неговиот колега Михаел Фронцек по победата на Алеманија имаше причина за славење, но тој ја искористи можноста да каже за проблемите од изминатите недели: “За нас е прекрасна работа што ја прекинавме неверојатната негативна серија. За еден нов член на лигата е невозможно осум пати по ред да не забележи победа!".

Толку многу иронија - звучи речиси малку како Ханс Маер, тренерот на Нирнберг, којшто со неговите кралови за реми и од Хамбург се врати со резултат 0 спрема 0. Нерешено, и тоа 1 спрема 1, заврши и дуелот од дното на табелата Борусија Менхенгладбах - Мајнц. “Во првото полувреме тимот играше добро и тогаш моравме од надмоќната игра да направиме поголем капитал” – смета тренерот на Борусија Јуп Хајнкес. Пресвртот и израмнувањето гостинскиот тренер Јирген Клоп вака го објаснува: “На полувремето морав ’да повлечам рачна кочница‘, морав да го кренам гласот, оти ми се лоши од тоа однапред да се предадеш или барем да оставиш таков впечаток, пред навистина да е се’ готово”.

Истиот резултат, 1 спрема 1, е забележан и по 90-те минути на дуелот меѓу Хановер и Арминија Билефелд.

На едно коло пред зимската пауза, последниот тим на табелата Мајнц, има четири бода помалку од местото коешто би значело спас и неиспаѓање. Таму во моментов е Борусија Мехненгладбах, која е пред Бохум само благодарение на подобрата гол-разлика. Претпоследен е тимот на Хамбург.

Заострување на борбата против допингот во Германија

Спортот и политиката рака под рака сакаат засилено да го сузбиваат допингот. Сојузниот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле во саботата пред Собранието на Германскиот олимписки спортски сојуз во Вајмар најави редица законски иницијативи, кои веќе во наредните недели ќе му бидат поденсени на Бундестагот. Заострувањата на борбата против допингот се содржани во еден Акционен план во 10 точки, што Германскиот олимписки спортски сојуз го усвои речиси едногласно - со само еден воздржан глас.

“Не стаснува збор за поседување минимални количини, туку за криминалните организации. Очигледно таму дејствува високо криминална мрежа и поради тоа ние соодветно ги заоструваме законските рамки” – рече министерот Шојбле. Претседателот на Германскиот олимписки спортски сојуз Томас Бах оцени: “Државата најдобро може да се справи со оние кои стојат во заднината на допингот. Тука заостануваме и имаме потреба од помош од државата”.

Во овој контекст и веста дека шпанскиот лекар Еуфемиано Фуентес, обвинет за снабдување на спортисти со допинг, ги отфрли обвиненијата дека меѓу клиентите му биле и водечките фудбалски клубови Реал Мадрид, Барселона, Валенсија и Бетис од Севилја. ”Тие прекори се многу тешки и јас ги отфрлам. Независно од тоа дали екипите го демантирале тоа или не, јас можам да го демантирам. Нема ништо вистина во тоа”.

Францускиот весник "Л’Монд" го цитира Фуентес, инаку обвинет дека бил на чело на допинг-мрежа во велосипедскиот спорт, дека соработувал со повеќе пшпански провлигаши како и со второлигашки екипи.