1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На силувачите во Индија им се заканува смртна казна

АТ/ дпа/ афп/ дапд/ ртр3 јануари 2013

Судбината на силуваната и мачена Индијка ја дигна земјата на нозе. Речиси една недела по нејзината смрт против осомничените лица е подигнато обвинение. Ним им се заканува погубување.

https://p.dw.com/p/17CkF
Фотографија: picture alliance/abaca

Шесте мажи, кратко откако ја силувале 23-годишната Индијка во автобус во Њу Делхи, беа уапсени. Невообичаено брзо сега започнува процес против сторителите. За случајот треба да се одлучува по брза постапка.

Денеска (03.01.) е подигнато обвинение за убиство против пет од шесте осомничени лица, изјави портпарол на полицијата. Кај шестиот осомничен се’ уште се спроведуваат медицински тестови, со кои треба да биде разјаснето, дали тој се’ уште е малолетен. Дури тогаш ќе се знае дали и кај него може да се примени казненото право за возрасни. На осомничените кои се полнолетни им се заканува смртна казна.

При првото сослушување треба да биде приложен и полицискиот извештај за случајот. Некои делови веќе однапред продреа во јавноста. Според извештајот, мажите се обиделе да ја прегазат жртвата, откако делото веќе било сторено во автобусот. Придружникот на 23-годишната девојка успеал во последен момент да ја повлече, кога видел дека автобусот се движел кон девојката очигледно за да ја прегази.

Indien Proteste Vergewaltigung
Индија протесира против силувањето на 23-годишната девојкаФотографија: DW/M. Krishnan

Медиумите, цитирајќи натамошни делови од полицискиот извештај, информираат дека момчето, кое исто така е тешко повредно, било фрлено од автобусот заедно со неговата пријателка, откако таа била силувана од групата. Претходно им била искината облеката која ја носеле, информира весникот „Индијан експрес“.

13 денови студентката се бореше за својот живот, откако на 16. декември беше силувана и измачувана. Таа минатата сабота им подлегна на повредите од нападот во болница во Сингапур. По смртта на младата девојка полицијата се изјасни дека ќе се заложи за најстрога казна за сторителите.

Весникот „Тајм оф Индија“ информира дека студентката се бранела против силувачите и додека ја напаѓале се обидела да ги гризе. Според полицијата и медиумите овие повреди заедно со крвта, спермата и коса, како и изјавата на пријателот на Индијката се главните докази против обвинетите. Возачот на автобусот, кој учествувал во силувањето, мора дополнително да оговара и поради исчезнување на доказен материјал. Имено, тој по силувањето ја запалил облеката на девојката и се обидел темелно да го исчисти автобусот.

Сите шест мажи испиле поголемо количество алхокол пред да се возат со автобусот и попат да ја примамат 23-годишната девојка и нејзиниот пријател.

Адвокатите одбиваат да ги бранат осомничените

Член на адвокатската комора на квартот Сакет во Њу Делхи изјави дека адвокатите кои таму имаат лиценца одбиваат да ги бранат осомничените. Ниту еден од 2.500 регистирирани бранители не бил подготвен за тоа, оти сметале дека е неморално да го преземат овој случај. Затоа мора да биде одреден бранител по службена должност.

Indien - Premierminister Manmohan Singh und Präsidentin Indischen Kongresspartei Sonia Gandhi
Премиерот на Индија Манмохан Синг и претседателката на индиската Конгресна партија, Соња ГандиФотографија: dapd

Поради случајот во Индија се протестираше повеќе денови и се отвори општествена дебата за правата на жените и сексуалното насилство врз жените. Во Њу Делхи, според полициски информации, во просек има по едно силување на секои 18 часови. Оваа недела е воведена нова 24-часовна телефонска линија, за „Жените во нужда“. Под притисок на јавноста премиерот Манмохан Синг издаде налог за проверка на казнениот регистар за сексуални деликти. Полицијата очекува дека за време на процесот ќе дојде до нови протести во главниот град.