1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Словенија и‘ се заканува неликвидност

ЖА/дв/нцц/зц/фтд/дп3 септември 2012

„На Словенија наскоро и‘ се закаува банкрот ако итно не биде постигнат договор за мерките за штедење од владата“, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша. За кризата во Словенија пишуваат и германските весници.

https://p.dw.com/p/162e1
Фотографија: Reuters

„Словенечкиот премиер Јанша сака што поитно да спроведе стопански реформи. Доколку продолжи политичката блокада и доколку не дојде до напредок во реформите, тогаш на Словенија наскоро и‘ се заканува неликвидност“, пишува „Ное цирхер цајтунг“.

„Доколку словенечката влада сака да ја разреши тешката финансиска криза без странска помош, тогаш решавачките реформи се неминовни. На Словенија и‘ претстои ’жешка’ есен. На мета на критики меѓу останатото се и планираните мерки за штедење, реформата во банкарскиот сектор, на пазарот на труд и јавниот пензиски систем. Заканувачкиот потенцијал е голем, а пречки има многу. Словенечкиот премиер е во право кога вели дека Словенија во август немањето политичко единство го плаќа со висока цена. Рејтинг-агенциите ја намалија оценката за кредитоспособноста на земјата.

Symbolbild deutsche Presse Presseschau
Фотографија: picture-alliance/dpa

Словенија нема да биде кандидат за помош од Фондот за спас на еврото без причина. Политичките лидери постојано го одложуваат усвојувањето на неопходните реформи и одговорноста за тоа ја префрлуваат едни на други. Јанша сега се обидува да го спречи сценарието според кое земјата би морала да побара помош од странство.

’Секоја словенечка влада ќе биде посоцијална од најблагиот диктат на Тријката’, истакнува Јанша. Словенија би сакала уздите да останат во нејзини раце. Но, според актуелните податоци за состојбата на словенечката економија, слаби се шансите на оваа балканска земја тоа да и‘ успее. Брутодомашниот производ е во пад“, пишува „Ное цирхер цајтунг“.

Банкарскиот систем и политичкото неединство

Весникот „Зиддојче цајтунг“ пишува дека проблемот во Словенија, која по влегувањето во ЕУ во 2007. година беше земја за пример меѓу останатите членки на ЕУ, е сличен на шпанскиот, пред се‘ во преголемото задолжување на банките.

„Владата сега се обидува да основа ’бед банк’ каде ќе ги држи трулите кредити и се надева на поддршка на опозицијата. Владата со тоа сака да спречи Словенија да мора да бара свое место под ’евро-чадорот’. Покрај дефицитот во буџетот и задоцнетата приватизација, проблем се и политичките партии кои, меѓусебно обвинувајќи се, ги блокираат реформските процеси“, пишува меѓу другото „Зиддојче цајтунг“.

„Фајненшл тајсм Дојчланд“ пишува дека уште една земја членка на ЕУ е кандидат за помош од Фондот за спас на еврото.

Deutschland Symbolbild deutsche Presseschau Presse
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Словенија наесен би можела да биде шестата држава од еврозоната која ќе бара место под ’чадорот за спас’. Премиерот Јанез Јанша предупреди од државен банкрот. Ова е првпат Јанша јавно да зборува за банкрот. Владата досега тврдеше дека проблемот може да го реши со сопствени сили. Рејтинг агенциите ’Стандард и пурс’, ’Мудис’ и ’Фич’ на почетокот на август го намалија бонитетот на Словенија. Причината лежи во кризата во банкарскиот сектор поради проблемите на пазарот со недвижности. Аналитичарите на Рајфајзен Рисрч зборуваат за ’централно-европска Шпанија’. Повикот за помош упатен од Јанша е мотивиран од внатрешно-политичките проблеми. Неговата коалиција, во која има пет политички партии, не може да се договори околу реформите. Долгот од 2008. година наваму е удвоен. На Јанша за реформи му е потребна и политичка поддршка на опозицијата. Но, таа има сосем поинакви ставови од Јанша“, пишува „Фајненшл тајмс Дојчланд“ .

Весникот „Ди пресе“ наведува дека економистите се сомневаат во успехот на словенечката политика на штедење.

„По првиот круг на мерките за штедење, односно намалувањето на платите на вработените во јавните служби, економската криза се продлабочи. Во вториот квартал словенечката економија бележи негатива од 3,2 насто, а извозот е намален за 7 проценти. Бомбата само што не експлодирала“, пишува „Ди пресе“.