1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невработеноста во Германија помала од очекуваното

31 јануари 2012

Бројот невработени во Германија на почетокот од годинава повторно се искачи над три милиони, но зголемувањето е помало од вообичаеното за јануари што е поврзано со временските услови.

https://p.dw.com/p/13tn7
Зголемена стапката на невработеност, но најмала невработеност во месец јануари во последните две деценииФотографија: picture-alliance/dpa

Во сојузната Агенција за труд се регистрирани 3 милиони и 82 илјади невработени лица, соопшти службата од Нирнберг, што е за 320 илјади лица повеќе отколку во декември минатата година, но и за 264 илјади помалку отколку во јануари лани. Стапката на невработеност со тоа се зголеми за 0,7 насто и изнесува 7,3 проценти. Пред една година процентот на лица без работа изнесуваше 7,9 насто.

Актуелниот пораст на невработеноста има чисто сезонски карактер, истакнува шефот на Агенцијата за труд Франк-Јирген Вајсе.

На многу градилишта поради ниските температури под нулата работата мораше да биде прекината.

Инаку, моментната невработеност во јануари е на најниско ниво во последните две децении. Меѓутоа, психолошки важната граница од три милиони невработени е надмината првпат по девет месеци.

Министерката за труд Урсула фон дер Лајен реагираше опуштено на најновиот скок на невработеноста:

„Јануари е и тој останува класичен месец во кој фирмите се воздржани во однос на нови вработувања“, изјави таа во Берлин.

Министерот за економија Филип Реслер констатираше дека состојбата на пазарот на труд останува робустна.

Автор: Жана Ацеска /дпа/дв

Редактор: Александар Методијев