1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Невремето „Деби“ беснее во Австралија

ЖА
28 март 2017

Проследен со силен дожд, циклонот „Деби“ го погоди североисточниот дел од Австралија, илјадници луѓе се евакуирани. Во сојузната држава Квинсленд брзината на ветрот достигнува до 270 километри на час.

https://p.dw.com/p/2a5KN
Australien Zyklon Debbie in Townsville
Фотографија: Reuters/AAP/D. Peled

Илјадници луѓе, вклучително и туристи, се евакуирани откако моќниот циклон „Деби“ почна да се приближува кон североисточниот дел на Австралија. Утрово циклонот ја достигна сојузната држава Квинсленд, каде ветрот достигна брзина од 270 километри на час, како што соопшти  австралиската служба за метеорологија. Циклонот е рангиран во четврта категорија на скалата од пет категории.

Поради невремето, околу 30.000 домаќинства во Квинсленд останаа без електрична енергија. Многу граѓани во крајбрежниот регион цела ноќ ги заштитуваа своите куќи, градејќи насипи од вреќи полни со песок.

Жителите се предупредени да се подготват за најлошото невреме по она што ја погоди австралиската држава Квинсленд, кога циклонот „Јаси“ во 2011 година уништи голем број куќи и земјоделски посеви.

Циклонот „Деби“ ја зафати Австралија