1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизвесна судбината на францускиот заложник во Сомалија

ЖА/дв/дапд/дпа/афп12 јануари 2013

Дали тајниот агент Денис Алекс се‘уште е жив или не? Француското министесртво за одбрана и милициите Ал-Шабаб даваат различни информации. Во секој случај акцијата за негово ослободување била крвава.

https://p.dw.com/p/17Iw5
Фотографија: picture-alliance/dpa/IntelCenter

Како што беше соопштено денеска (12.01.2013), специјална единица на француските воени сили нападнала база на исламистичката милиција Ал-Шабаб во Сомалија. Притоа, војниците биле пресретнати од жесток отпор, соопшти француското министерство за одбрана во Париз. Телевизијата БФМ јавува дека во акцијата во Буломарер, околу 110 километри јужно од Могадишу, бил во акција и хеликоптер.

Целта на акцијата била ослободување на киднапираниот во 2009. година воен советник на француската разузнувачка служба ДГСЕ. Како што соопшти министерството, веројатно човекот со официјално име Денис Алекс (на фотографијата), бил убиен од киднаперите. Во нападот биле убиени и двајца француски војници и 17-годишен припадник на Ал-Шабаб милицијата. Алекс до своето грабнување ги обучувал сомалиските војници за борба против милицијата Ал-Шабаб.

Поинаква е верзијата на милицијата Ал-Шабаб. Таа ја демантира смртта на заложникот. Алекс е жив и далеку од местото на акцијата, на безбедно. Бунтoвниците заробиле ранет француски војник, а неколку убиле, сопшти милицијата, додека судбината на Алекс ќе биде одлучена во следните два дена.

Милицијата Ал-Шабаб во минатото во Сомалија изврши бројни напади. Таа со години се обидува во јужниот дел од земјата да создаде исламска држава и се бори против преодната влада во Могадишу.