1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема директен контакт со грабнувачите

6 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQN1

Германската влада нема директен контак со грабнувачите на градежниот инжинер во Авганистан, соопшти држаниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер. Германија се потпира на преговорите на авганистанската влада, која од своја страна има контакт со киднаперите. Преговорите биле потешки отколку во други случаи. – Во Кемп Дејвид пак американскиот претседател Џорџ Буш го прими претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, кој повторно ги одби барањата на Талибанците за ослободување на јужно корејските заложници. Во меѓувреме јужнокорејските дипломати воспоставија телефонски контакт со заложниците. Авганистански лекари, оставија лекови во пустината, бидејќи Талибанците не им дозволувата директен пристап до заложниците.