1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема ексклузивно право за фудбалските преноси

МТ/ афп/ дпа18 јули 2013

Одлуката на највисокиот Европски суд значи дека европските фанови ќе можат да продолжат да ги гледаат повеќето од натпреварите на Светското и Европското првенство во фудбал на бесплатна телевизија.

https://p.dw.com/p/19AIk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Денешната одлука од Европскиот суд за правда ја поддржа одлуката на Основниот суд, кој прогласил дека Белгија и Велика Британија дејствувале во рамките на своите права кога ги оцениле Светското првенство во фудбал, и во случајот на Велика Британија, и Европското првенство, како настани од големо значење за публиката.

Ваква одлука на државна власт на земја членка на ЕУ, значи дека тој настан мора да биде емитуван на таканаречената „бесплатна телевизија“, наспроти „телевизијата со плаќање“, за кои претплатувачите мора да платат дополнителни трошоци.

Ова е назначено во директивата од 1989 за телевизиско емитување издадена од Советот на европската економска заедница, која е претходник на Европската унија.

ФИФА и УЕФА, беа против одлуките на Белгија и на Велика Британија, и нивните проценки за важноста на фудбалските натпревари кои се играат на Светското и Европското првенство, тврдејќи дека не сите натпревари треба да се сметаат како настани од голема важност во тие држави.

Во соопштението, објавено на веб страницата на Европскиот суд за правдата се вели дека „тоа е оставено на самите земји членки да одлучат за настаните што се од важно значење“.

Вратата останува отворена

Во исто време, судот изрази разбирање кон позициите на ФИФА и УЕФА, појаснувајќи дека во идни случаи, вакви натпревари „мора да бидат земени во предвид како настани, кои во принцип, се делат во различни натпревари или фази, од кои сите не можат да бидат карактеризирани како настани од големо значење“.

Така, иако одлуката значи дека британските и белгиските гледачи ќе продолжат да ги гледаат сите натпревари на Светско или Европско првенство на бесплатна телевизија, вратата останува отворена за ФИФА и УЕФА. Тие би можеле да стекнуваат приходи со продавање на правата за еден натпревар кој има помал јавен интерес на телевизиските оператори за кои се плаќа, на кој било европски пазар.

Одлуката налага дека ако кој било натпревар од првенствата во иднина, од која било друга европска влада биде определен како натпревар од голема важност за граѓаните, исто така ќе треба да биде емитуван на бесплатна телевизија.