1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема крај на самоволието на Асад

10 февруари 2012

Сириската армија продолжува со употреба на сила да се пресметува со противниците на режимот. За денеска се закажани нови протести.

https://p.dw.com/p/141DW
Сириската армија продолжува со употреба на сила против опозиционеритеФотографија: AP

Според активисти за човекови права, стотици луѓе, главно цивили, се убиени во последните денови во акциите на сирискиот режим, а најголем дел од нив во градот Хомс. Ситуацијата таму е критична, луѓето не можат ниту да бегаат, затоа што се блокирани сите пристапни патишта кон градот, владее криза за храна и лекови.

И покрај бруталноста на власта, за денеска опозицијата во Сирија најави нови протести, овојпат против руското вето во Советот за безбедност на ОН со кое беше спречено донесувањето на резолуција со осуда на власта во Сирија.

Syrien Begräbnis in Maarat al-Noman, Idlib Provinz
САД и ОН бараат запирање на крвопролевањето во СиријаФотографија: AP

САД побараа запирање на крвопролевањето. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека насилството во Сирија е „шокирачко“. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу побара меѓународната заедница да не го гледа секојдневниот „масакр“ со скрстени раце. Турција се залага за одржување меѓународна конференција за ситуацијата во Сирија.

Специјалниот претставник на ОН за правата на децата во вооружени конфликти ја повика Сирија да го запре насилството врз најмладите. Во крвопролевањето кое трае со месеци жртви се стотици деца, изјави Радхика Кумарасваму во Њујорк. Потресна е ситуацијата особено во градот Хомс, каде сириската армија само во последните 24 часа убила над сто луѓе, изјави тој.

ОН во меѓувреме, поради бруталното постапување на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад размислуваат за испраќање набљудувачи и специјален пратеник. Се вршат сондирачки разговори за заедничка мисија со Арапската лига, соопшти генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Автор: ЖА/АМ/дв

Редактор: Б. Георгиевски