1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема лесен и едноставен одговор

26 ноември 2007

Во Скопје оваа недела државно - владиниот врв размислува како да се дочека посредникот од ОН во спорот со името, Метју Нимиц,на почетокот на идната недела;како да се покаже преговарачка флексибилност во спорот со Грција

https://p.dw.com/p/CTC1
Груевски:можно е да не не‘ поканат во НАТО,под друг изговорФотографија: MIA

Пред посетата на Нимиц следуваат доаѓања на неколку познати дипломати од Брисел. Затишје пред бура,тоа е атмосферата откако врвни претставници од НАТО на македонското раководство му предочија дека за Алијансата важна компонента е добрососедската политика.

„НАТО-димензијата на грчко македонскиот спор е и во добрососедството,нашата препорака е да се преговара“,сугерираше Мартин Ердман,одговорен во Алијансата за безбедносни прашања.

Иако спорот е билатерален,според него,со посредништвото на Метју Нимиц тој е и меѓународен.

Ердман,како и германскиот амбасадор во Скопје,Ралф Брет,не гледаат поврзаности меѓу спорот со името и макеоднското членство во НАТО,иако преговорите треба да продолжат,како што се наведува и во последниот извештај на ЕК.

Спорот ос името-главна тема и во весниците

Во македонскиот печат преговорите со Грција беа централни теми,но се чини во сенка на внатрешните политички состојби,особено околу реализацијата на Мајскиот договор.Македонскиот премиер викендов не пропушти да реагира на опструкциите и дипломатската офанзива од Атина.Тие можат да ги замрзнат македонските шанси за НАТО,без оглед колку успешно ќе се реализираат трите до четири последни крупни политички барања од Брисел и Вашингтон.

„Јас не верувам дека би дошло до вето,доколку успеат во нивните намери,веројатно ќе дојде до непоканување од други причини,нема да ни кажат дека е тоа заради Грција,туку заради некои реформи,неподготвеност,потреба нешто да се подобри,рече Груевски.