1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема оптимизам во Грција за посетата на Нимиц

АМ/миа26 јули 2012

Посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц денеска во Солун ќе се сретне со грчкиот претставник Адемантиос Василакис.

https://p.dw.com/p/15eoI
Фотографија: picture-alliance/dpa

Нимиц, како што најави вчера во Скопје, каде што го придружуваше генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, ќе ја брифира грчката влада за разговорите со македонскиот државен врв, кои ги оцени како конструктивни.

Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас пред посетата на Нимиц изјави дека не е оптимист, но се надева дека Нимиц ќе донесе „позитивни сигнали од раководството на соседната земја“.

Првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун вчера, на средбите со македонските државни претставници, најави дека и лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на долгогодишниот спор за името.

Грчките медиуми јавуваат дека по средбата со Василакис, Нимиц со свој грчки пријател ќе замине на неколкудневен одмор на Халкидики.

АМ/миа