1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема поделба на Косово

Александар Чомовски2 декември 2005

Зачестена дипломатска фреквенција во регионот со акцент врз Косово. Официјален Вашингтон ја испрати Розмари Ди Карло, висок функционер на Стејт Департментот, која вчера попладне во Скопје ги афирмира ставовите на Контакт групата.

https://p.dw.com/p/AcAq
Војници на КФОР на Косово
Војници на КФОР на КосовоФотографија: AP

“Нема етничка и физичка поделба на Косово, го поддржуваме територијалниот интегритет на соседите“. Ди Карло уште вели – САД немаат однапред одреден план за статусот на Косово, односно претходно замислен исход од разговорите. Розмари ди Карло на македонскиотр врв му предочила американски став – македонската демакрација кон Косово треба да биде дел од пакетот за неговиот иден статус. Американката во Скопје од премиерот Бучковски ги слушна и ставовите на социјалистичките премиери или партиските лидери по средбата во Софија во изминативе два дена и договорот за Косово. Тој треба да има согласност од Белград и од Приштина. Не смееме да дозволиме домино-ефект во регионот од солуциите за Косово, рече шефот на грчкиот Пасок и екс-премиер, Андреас Папандреу:

“Знаеме дека во сите земји во регионот има етнички малцинства што настојуваме да ги интегрираме. По статусот на Косово не може да ги мултиплицираме проблемите.“

Разговорите за Балканот и Косово ќе бидат маргина и на денешната Охридска средба на шефовите на дипломатиите од регионот со идниот ЕУ-претседавач Австрија.

“Согласно програмата што веќе е подготвена од австриското претседателство, не се предвидува никаков самит за земјите од Западен Балкан, туку ќе има исто така една неформална средба, некаде во март, во организација на австриското претседателство, на ниво на министри за надворешни работи, на земјите од Западен Балкан и на земјите од ЕУ“, реагира амбасадорот Јован Теговски, по најавите дека за време на европското претседавање со Австрија е возможен самит на ЕУ за Балканот.

Пред почетокот на неформалниот дијалог, балканските влади нема директно да учествуваат во преговорите околу Косово се вели во дипломатските кругови на претставниците што ќе заседаваат денеска во Охрид. Но, на Белград и на Приштина ќе им се предочат неколку заеднички погледи и иницијативи, преку посредникот Ахтисари.